Роденден од соништата: Водителката Снеже Велков на 39 години доби прослава каква што посакувала отсекогаш

Добивај вести на Viber

Дека соништата се остваруваат може да ви потврди и познатата водителка Снеже Велков. Нејзин сон уште од детството бил да слави роденден на отворено, но со оглед на тоа дека е родена во зима, тоа било невозможно.

Но, овој сон ѝ се оствари на 39 години. Иако, пандемијата имаше свој допринос во реализацијата на оваа желба на водителката, таа сепак е пресреќна што конечно својот роденден го прославила на плажа.

Од овој, за неа голем момент, сподели и неколку фотографии на социјалните мрежи, а покрај истите ја напиша нејзината приказна поврзана со славењето на родендените.

„Кога соништа се остваруваат!

Си беше еднаш една Снежана родена како „зимско дете“ на 5 март, кое од секогаш сонуваше роденден да слави на плажа...

Ама таму од каде доаѓаше беше најстрого „забрането“ славење роденден на отворено во зима! Оти ладно е, оти кај се видело на студ да се собира народ? Оти ќе се настане.

А постоеше и верувањето дека ако се седи на ладна земја или бетон не дај Боже најстрашна болештина се фаќало, да не збориме дека ако без мајца се излегувало лошо ти се пишувало.

И така Снеже 38 години сѐ на затворено роденден си славела, а сонувала за плажа..

И дојде 2021. Снеже порасна, да не речеме влезе во позрели години т.е наполни 39.

И беше едно чудно време кога дискотеки не работеа, концерти немаше, во кафана беше забрането собирање, пеење па ич, а гушкање и бацување скроз недозволиво...

И види,види, се отвори можност за славење на едно место долго посакувано...

Плажа!

И од тогаш Снеже си живееше среќно и весело со заклучокот: Ако доволно силно сакате соништата се исполнуваат макар и на 39 години“ - напиша познатата водителка со објавата која ја сподели на својот Инстаграм профил.