Роденденска забава на д-р Емил Угриноски: 300 гости уживаа во музиката на балканската ѕвезда Пеѓа Јовановиќ
Познатиот македонски бизнисмен и џет-сетер д-р Емил Угриновски во свој стил, традиционално го прослави својот 51 роденден.
Овојпат за одличната атмосфера се погрижи балканската музичка зведа Пеѓа Јовановиќ. На прославата која се одржа во ексклузивен скопски локал присуствуваа 300 гости, меѓу нив познати бизнисмени, личности од културно забавниот живот, доктори, инфлуенсерки.
-За мене прославата на родендените значи ден за паметење. Ден сосема различен од другите, кој традиционално веќе 20 години го славам со некоја позната музичка ѕвезда. Ден кој ќе ме држи, ми дава сила и позитивна енергија до наредниот мој роденден – ни изјави д-р Угриновски.
Ирена Спировска, Анкица Стојановска, Ивана Јанковска, Маја Глигоровска, Цеце Орешкова, Кристијан Георгиев, Антонија Локвенец беа дел од прекрасната роденденска атмосфера.
С.А.Н