Роденденската торта откри дека е зависник од социјални мрежи: Стефан Богоев наполни 31 година

На денешен ден пред 31 година е роден градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев. По повод роденденот на неговиот Инстаграм профил сподели многу „сториња“ од роденденските пораки кои стигнале на негова адреса, но само една една посебно се издвои.

Станува збор за фотографијата со која неговата сопруга Ивана му го честитала роденденот. Имено, таа ја покажа неговата роденденска торта, а истата откри интересен факт за младиот градоначалник. 

Целата торта е во знакот на технологијата и социјалните мрежи, а бидејќи обично сите сакаме роденденските торти да ни бидат со нешто што ни значи или што е препознатливо за нас, заклучот е следен: градоначалникот очигледно е зависник од социјалните мрежи.