Роди три ќерки, ја врати линијата и се појави поубава од било кога: Цел свет е воодушевен од модниот избор на Блејк Лајвли

Добивај вести на Viber

Вчерашниот ден на модната недела во Њујорк го одбележа ревијата на Мајкл Корс, кој ја претстави својата колекција за есен/зима 2022. Покрај спектакуларните креации, големо внимание привлекоа и познатите личности кои се појавија на ревијата, меѓу кои, една се истакна особено - актерката Блејк Лајвли.

На ревијата на Мајкл Корс се појавија познати жени од Холивуд, а додека повеќето од нив беа во спортски комбинации, предимензионирани јакни, тренерки и капути, Блејк Лајвли го украде вниманието на присутните во небесно синиот комплет. Актерката која се прослави со улогата на Серена во хит тинејџерската серија „Gossip Girl“, изгледаше како штотуку да излегла од модната писта во сензационално издание во светло сини тонови.


Кратокиот топ кој ја открива витката половина, атрактивната русокоса актерка го комбинираше со молив здолниште, сако и високи потпетици со ремени. А целата комбинација ја зачини со црвен кармин и косата средена во романтични бранови.


Покрај Блејк, на ревијата се појавија Ирина Шајк, сестрите Бела и Џиџи Хадид, Ана Винтур, Емили Ратајковски и многу други, но како што веќе споменавме, само Лајвли беше елегантно облечена, додека останатите беа во опуштени комбинации.


Да потсетиме, Блејк и нејзиниот сопруг, актерот Рајан Рејнолдс се запознаа во 2010 година за време на снимањето на филм, но првото заедничко излегување Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс го имаа една година по средбата на снимањето. Нивната врска беше крунисана со брак во 2012 година, по што во интервал од неколку години пристигнаа три девојки на свет.

извор:zenskikutak.rs

И да се здебелите и да ослабете - ќе можете секогаш да ги носите: Блејк Лајвли ги пронајде совршените фармерки по вкус и мерка за секоја жена

Ја оддржуваат страста со хумор: Вака Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс се сакаат повеќе од 10 години (ФОТО)