И да се здебелите и да ослабете - ќе можете секогаш да ги носите: Блејк Лајвли ги пронајде совршените фармерки по вкус и мерка за секоја жена
Американската актерка е една од ретките познати жени која нема стилист, туку сама го планира изгледот за црвениот тепих, па не е чудно што нејзиниот секојдневен стил е вреден за внимание.
Блејк Лајвли е една од познатите дами чии модни комбинации привлекуваат најголемо внимание на модните познавачи во свечените пригоди, но ништо помал ентузијазам не предизвикува кога шета низ Менхетен со својот сопруг, актерот Рајан Рејнолдс.
Ѕвездата од серијата „Gossip Girl“ пред неколку дена беше „уловена“ со сопругот и колега Рајан Рејнолдс во Њујорк додека се шетаа и разговараа со насмевка. Имено, Блејк за прошетка во топлиот доцно есенски ден избра комбинација од црн џемпер и фармерки кои се главното парче во овој аутфит. Станува збор за фармерки од класичен дизајн - рамен крој и светла нијанса, длабоки и исклучително едноставни, кои лесно се вклопуваат во секоја комбинација на облека.
Овие фармерки се наречени 70C, и тоа не случајно: инспирирани се од стилот на седумдесеттите години на минатиот век, кој направи модна револуција и на светот му претстави приспособлива мода, односно дизајн кој може да се носи без разлика на градбата и фигурата.
Со изразени облини или не, поправени или ослабени, ништо од тоа не е важно ако го изберете овој класичен модел, кој ласка на струкот, а високиот струк ви овозможува да скриете сè што сакате!
Блејк во фармерките го вовлече џемперот, а струкот дополнително го истакна со црниот кожен појас од модната куќа Гучи.
Актерката додаде моторџиски чизми со врвки и блок потпетица Christian Louboutin и прекрасна мини-чанта од модната куќа Шанел, блескав твид модел наречен Paris Byzance.
извор:GLOSSY
фото: SPLASHNEWS.COM / SPLASH / PROFIMEDIA