РОДИТЕЛИ ВНИМАВАЈТЕ: Спинерот може да биде опасен за здравјето на вашето дете

Добивај вести на Viber

Спинерот, играчката која претходната година беше вистинска епидемија кај децата, може да биде опасна за нивното здравје, објави Европската комисија.

Играчката може да се врти на прстите, да се префрлува од една во друга рака или едноставно да служи како „занимација на рацете“.

Луѓето велат дека е многу заразна и дека го намалува стресот. Меѓутоа, бидејќи спинерот има вградена батерија, децата може да дојдат до неа и да ја голтнат.

Eвропската комисија претходната година повлече 11 модели на спинери бидејќи не ги исполнувале правила за безбедност на играчка.

Комисијата секоја година објавува извештај опасен за производите на пазарот, кои треба да се забранат, да се повлечат. На листата може да се најдат облека, козметика, автомобили, машини.

Најчесто, се наоѓаат играчките кои имаат ситни делови од кои децата можат да се загушат или кои содржат опасни хемикалии.