Романтични вечери во Ноември - уживајте во есенската магија на малите екрани
Сезоната на гушкање во удобноста на нашите домови официјално е започната! Со нетрпение очекуваме да ги завршиме секојдневните активности, да ги облечеме најомилените пижами, да се опремиме со топло чоколадо и колачиња и да се нурнеме во меките ќебенца. Секако, чувството е целосно кога ќе го дополниме со омилената романтична серија. За овој месец каналот Dizi ни подготви вистинско драмско уживање.
„Љубов и гордост“ е новата драма во која во главните улоги ги толкуваат актерите Дамла Сонмез, Мерт Фират и Алпер Салдиран. Зошто ќе ве освои уште на прва епизода? Емотивна приказна за младата и убава Зејнеп која е едно од петте деца на семејството Есен и живее во стара населба во Истанбул. Сите понекогаш се наоѓаме на животна раскрсница кога една одлука може да ни го промени животот. Што ќе одлучи Зејнеп?
Љубовните приказни и магијата која ја носат со себе, несомнено ни се потребни за да не одвлечат од секојдневието и да внесат боја деновите исполнети со стрес и обврски. Токму таква љубовна сага е раскажана во „Љубов и гордост.“ Познатите љубовни раскрсници, прашањето дали да се одбере срцето или разумот, страста или сигурноста се неисцрпна инспирација на која едноставно не можеме да и оддолееме.
Мурат е вљубен во Зејнеп уште од мали нозе, но таа сфаќа дека ги нема истите чувства кон него. Кенан од друга страна е млад наследник на етаблирано и богато семејство од Истанбул и меѓу нив постои преголема привлечност иако не се знаат толку долго, по што Зејнеп започнува да ги преиспитува сите работи кои досега мислела дека ги знае за нејзиниот љубовен живот. Таа е растргната меѓу Кенан и Мурат додека непријателството меѓу двајцата мажи расте.
Бидејќи се наоѓа во очајна ситуација, таткото на Зејнеп, Ахмет, ја продава нивната семејна куќа на Кенан. Ова ја зголемува тензијата меѓу Зејнеп и Кенан, кој сега е нејзин шеф. Набргу, Зејнеп во подрумот од својата куќа наоѓа дневник на поранешните станари во куќата. Овој дневник ќе биде клучот до една голема тајна. Тајна која само повеќе ќе ги заплетка работите.
Завршете со дневните обврски и уживајте во оваа извонредно драматична приказна, секој работен ден од 16:40 на Dizi.
ПР објава