Росана Сариќ: Овој роденден на ќерка ми е посебен, го славиме со Маријана

Добивај вести на Viber

Пејачката Росана Сариќ- Тодоровска и нејзиниот сопруг, актерот Ѓорѓи Тодоровски-Трупче го сношти прославија роденденот на ќерката Ивана. Росана вели дека овие денови за неа се најсреќни и поради тоа што нејзината сестра Маријана Новачевска која долги години живее во Австралија е на одмор кај семејството.

Маријана и Росана се повторно заедно по три години 

„Овој роденден на ќерката ми го славиме сите заедно, со Маријанче и со нашите родители и пресреќна сум што сме по толку време заедно. Со Маријана супер си поминуваме, гледаме секоја трошка од денот да ја искористиме максимално да бидеме  заедно.Таа овие денови е во Куманово кај нашите родители а за викендите доаѓа кај нас“, ни раскажа Росана.

Маријана последен пат беше во Скопје пред три години, на свадбата на внуката Ивана и зетот Џејмс. Ивана и Џејмс кој е англичанец во јуни минатата година станаа родители на Ноа. Средбата со внукот е една од причините што Маријана е повторно во Скопје. Сетрите близначки чии песни „Признавам“, „Стој“, „Едно срце имам“ станаа евергрини уживаат во излетите во околината на Скопје и во дружбата со старите пријатели.

Минатиот месец, семејствата го прославија првиот роденден на внукот. 

„ Супер си помибавме , со многу наши драги луѓе, гости, пријатели.  Го прославивме роденденот на Ноа во вресторан „Парк“ кои се фантастични професионалци. Кај нив ја правевме и свадбата на Ивана и Џејмс и мекиците за Ноа. Истиот ден правевме и крштевка, беше топ“, додава Росана.

За својата ќерка, таа има само една желба. 

Внукот на Росана и на Трупче, Ноа, минатиот месец наполни една година 

„На ќерка ми ѝ посакувам само да биде жива и здрава, во животот многу други работи си доаѓаат сами по себе“, ни изави Росана. 

М.Џаровска