„Џиш розова“ не е само за жени: Трендовска боја која го освои модниот свет, а особено познатите мажи (ФОТО)
Кога доаѓаат постудените месеци, најчесто избираме потемна облека. Нашиот „зимски“ дел од гардеробата изобилува со црни, сиви и кафени јакни, капути и кабаници, а веселите бои изгледа се резервирани за топлите месеци од годината.
Но, ако и вам ви здосади класичната црна боја во постудените месеци, можете да ја разбиете со розова боја и нејзините нијанси и на тој начин да ја освежите вашата гардероба.
Обично постои стереотип дека розовата е резервирана за девојките, но дека не можеме да изгледаме сериозно носејќи ја оваа разиграна боја, и дека мажите не можат да ја носат. Но, оваа Барби боја може да биде и мека, женствена, и смела, заводлива и мажествена во исто време.
Во последните неколку години, жешката розова боја е еден од најголемите трендови и во модата и во дизајнот на ентериер.
Од флуоресцентна до фуксија, розовата е општествено вкоренета како женска боја, што е сосема погрешна перцепција.
Ако ги погледнеме последните неколку ревии на големите дизајнери, можеме да забележиме дека розовата боја станува се поголем тренд. Воедно, енергична, младешка, жива и по малку провокативна, таа во последните неколку години ги освојува модните писти, улиците и плакарите на познатите дами и господа.
Моќта на трендот ја покажаа некои познати мажи кои на црвениот тепих се појавија во розови одела. Даниел Крег, Пирс Броснан и Двејн Џонсон се вистински доказ дека полот не одредува која боја ќе ни изгледа убаво.
Последен кој направи општ хаос појавувајќи се вчера во оваа боја е актерот Пирс Броснан кој ги полуде жените ширум светот во розов костум.
фото:profimedia
Деновиве во розов костум се појави и актерот Двејн Џонсон, но тој и порано се појавувал во жешко розеви одела.
фото:profimedia
фото:pinterestфото:pinterest
Даниел Крег на премиера на Џејмс Бонд во розово сако.
фото:profimedia
Оваа разиграна боја имавме можност да ја видиме на ревијата на Валентино на овогодинешната модна недела во Париз.
Освен Валентино, розовата боја ја сакаат и Александар Меквин, Диор и Версаче, а прва ја популаризираше познатата италијанска дизајнерка Елза Скиапарели. Уште во 1930-тите сакала да ја освежи својата гардероба со добро, светло и розово парче.
фото:profimedia
Иако носењето розево може да биде предизвик, одлично оди со многу бои. Без разлика дали ја користите како додаток на облека или сакате да ја обоите целата комбинација во розова боја, најдобро е да ја комбинирате со црна, сива и беж боја бидејќи тие ја разбиваат нејзината жива енергија и создаваат впечаток на елеганција и префинетост.
фото:profimedia
Сепак, како што советуваат експертите, најдобро е да носите впечатливо розово парче, како зимски капут во кој дефинитивно ќе се истакнете.
извор:zadovoljnja.dnevnik.hr