Саманта си го прегази зборот и се појави во серијата „Сексот и градот“: А еве зошто го направи тоа и за колку пари
И токму така, Ким Катрал се појави во епизода од новата
серија „Сексот и градот“, иако категорично одби да го
стори тоа пред неколку месеци.
Пари, многу пари, беа доволни за Ким Катрал повторно да се „телепортира“ во ликот на Саманта Џонс. Поточно, милион долари што ги одбила за сцена од 60 секунди.
Ким Катрал кажа точно 20 реченици во познатата сцена, што значи дека заработувала 16.666 долари во секунда од сцената.
Гласините велат дека Ким Катрал побарала од козметичарката Кјара Панченко да ја шминка, додека нејзината коса ја средувал Рајан Трајгтад. Сето ова резултираше со тоа што познатата Саманта изгледаше неверојатно како што секогаш изгледаше во серијата Сексот и градот.
Но, во претходните години, кога се зборуваше за снимање на нови серии, Ким Катрал категорично одбиваше да зборува за повторното обединување, наведувајќи дека била лута на Сара Џесика Паркер. Беше лута на колешката која никогаш не покажуваше сочувство кога Ким минуваше низ тешки животни ситуации.
Така, серијата „Сексот и градот“ за малку ќе ја загубеше Саманта Џонс поради Сара Џесика Паркер, но се чини дека нема таква болка што парите не можат да ја излечат.
Откако ја снимала оваа сцена 4 часа, Ким отишла дома и испила големо мартини, знаејќи дека сега е побогата за 1 милион долари. Таа не се сретнала со колегите.
Погледнете за која сцена зборуваме:
Фото и Видео: Youtube