Само носот го оперирала 5 пати: Емина платила 15.000 евра за да биде како Барби, а овие фотографии откриваат што направила
Емина Јаховиќ важи за една од најубавите пејачки на српската сцената, а старите фотографии откриваат колку таа се
променила низ годините.
Емина Јаховиќ со години ја освојува публиката со музичките хитови, дуетите со колегите, но и со својот атрактивен изглед. Убавата бринета од Нови Пазар со години живее на релација Истанбул и Белград, а на социјалните мрежи повремено открива дел од својот животен стил.
Поради изгледот многумина ја споредуваат со барбика, а убавата бринета не крие дека нејзиниот изглед се должи на правилната нега, како и на редовните тренинзи кои никогаш не ги прескокнува. Благодарение на тоа, Емина се‘ уште може да се пофали со витка линија, а денес на 41 година е во подобра форма отколку кога беше помлада.
Додуша, Емина никогаш не криела колку е важен изгледот за нејзината работа, но секогаш молчела за деталите од нејзините интервенции. Меѓутоа, откако се појави на овогодинешното доделување на MAC наградите, нејзиниот подмладен, „освежен“ изглед е предмет на шпекулации на социјалните мрежи за тоа што таа менувала на нејзиното лице.
Нема докази, но и да направила нешто, нема сомнеж дека избрала професионалци кои ја направиле промената природна. Така Емина неодамна ја осветли косата, а иако имаше посилна шминка, не можеше да избега од впечатокот дека пејачката изгледа помладо од порано.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, Емина десет дена пред доделувањето го посетила својот лекар во Истанбул, каде направила јаболчници, ги затегнала очните капаци, си го вбризгала лицето со ботокс и го освежила со најновата метода со хијалуронска киселина.
Како што тврдат, потрошила дури 15.000 евра на разни интервенции и третмани, а за да го добие својот совршен барби нос, кој наводно го оперирала дури пет пати.
„Секоја жена сака да изгледа убаво, покрај мајка ми имав пример дека треба да се грижам за телото, лицето и душата. Мојата работа е таква што морам да изгледам убаво на сцената, иако приватно сакам да шетам без шминка и опуштена“, изјави Емина за Старс.
Навистина ќе најдете фотографии од неа без шминка на нејзиниот профил, но ретко ќе видите дека пејачката споделува некои постари фотки, на пример, од почетокот на кариерата. Токму тука можете да видите колку се променила во сите овие години.
Ако го исклучиме носот, како и поразличниот начин на шминкање, факт е дека Емина сега изгледа помладо од пред 20 години, што е само доказ дека интервенциите ги правела паметно, за да биде што поприродна и да ја истакне својата природна убавина.
„Моите усни се сосема природни и полни. Мама често ми кажуваше дека тие се најубавото нешто што го имам на себе. А со сите тие сложени, генетски мутации кои се незадоволни од самите себе, морам да кажам, за жал, мајката природа ме поштеди мене“, напиша своевремено Емина на Твитер кога ја прашаа за интервенции.
Во продолжение погледнете дел од нејзините стари фотографии и проценете сами дали Емина навистина толку го променила своето лице или повеќе се работи за добра нега и поинаков стил на шминкање.
Фото: Инстаграм/Фејсбук/Youtube - screenshoot