САМО ПРИДРУЖИ ИМ СЕ!

Добивај вести на Viber

Еј!

Значи страшна работа се недообјаснети мудри мисли!

Пострашна нема!

Цел живот го слушам она:

- Ако не можеш да ги победиш, придружи им се - и само се нервирам.

Како да се придружам на некој што е лош, што прави што не ми се допаѓа, ми прави сп....тис на душа и сл.

Животов ми помина верувајќи дека тој што го измислил тоа бил кодош, лигавешник, рептил…си дополнувам погрдни зборови во зависност од моменталната фрустрација.Кога да видиш, секоја приказна имала две страни, ама вторава во име на мудроста никој не ти ја кажувал со пример. Да не се преопаметиш пребрзо, кај ќе ти биде крајот.

Изгледа ќе си сфатиш сам кога ќе пораснеш, ако не сфатиш, шотевртат, пати си. Да бе да…седи си така инфантилничок со полна глава мудрости, набубани, неупотребени.

Во името на мудроста!

Пази сеа!

Шеќер многу сака да гледа документарни емисии. Тие ќе ги преживеам или преспијам, ама политичкине не ги можам.

Имам избор, оној редовниот, да се тормозиме еден со друг и да се караме ко да сме во комуњарски брак, кај што едвај чекаме другиот да бекне за да распалиме ко петарди или да му се придружам и да се паркирам заедно да гледаме политичка емисија. Ни пуканки не ми се јадат…Така, благи тикови на нервна база кога ги слушам…и тука на сцена стапува ако не можеш да ги победиш придружи им се, од малку поинаков агол, зачинето со малку селска итроштина:

  • Љубов, онаа емисијана со Мирка и Миленко ја гледаше? - од оние по два саати, ни вонземјани да не сакаат да дојдат во мир ако ја фатат.
  • Не женче, не стигнав
  • Ај пушти ја - и се сместувам со боси ноџиња наместени за галење!


СЛЕМ ДАНК БЕЈБИ!!!

СЛЕМ ДАНК!!!

Два часа мераци.

Не требало да им се придружиш во нивното, само да го искористиш како што тебе ти одговара.

А да ги дополневте тоа народните мудрости не ќе беше лошо!

Што галење сум пропуштила низ годините што не ми текнало како да се придружам на време.

Да ме видиш сега со списочето во рака, сите дебатни, политички, убер хипер досадни емисии ги следам. Што се однесува до Шеќер, го убедив дека за негова љубов го правам сето тоа…шшшш, немој некој да бекнал!

Шипак после откривање некоја нова мудрост!

Што би рекла другарка ми А.К.Н - иц ол абаут д поинт оф вју

<3

 За Женски Магазин, Огнените Ѕверови на Дамјана