Самохрана мајка доби отказ откако донираше бубрег на шефицата: Дојде до пресврт кој никој не го очекуваше

Дебора Стивенс дознала дека нејзината шефица Жаклин Брусија долго чека на трансплантација на бубрег, па ѝ се јави и ѝ го понуди својот бубрег

Приказната вели дека Деби Стивенс, тогаш 47-годишна самохрана мајка на две деца, донирала бубрег за да го спаси животот на својата шефица, а подоцна била отпуштена додека закрепнувала.

Џеки Брусија (61) ѝ се пожалила на Деби дека не може да најде донатор, по што таа ѝ понудила да ѝ го даде бубрегот.

Двете се запознале додека работеле во компанијата „Атлантик Аутомотив Груп“, која продава автомобили во Њујорк. Стивенс била вработена во таа компанија две години. Ја напуштила работата во јуни 2010-та година, кога се преселила на Флорида.

После тоа, Деби решила да се врати на Лонг Ајленд и ја прашала Брусија дали може да ја врати на работа, а таа тоа го направила. Два месеци подоцна, Брусја ја прашала дали сè уште сака да го донира својот бубрег.


Кога дознала дека нејзината шефица чека долго време за трансплантација на бубрег, Дебора великодушно ѝ го понудила својот. По операцијата, Стивенс имала компликации бидејќи ѝ биле оштетени нервите на ногата, па била на боледување еден месец. Поради ова, шефицата почнала да се однесува лошо со неа.

„Не можеш да си одиш дома кога сакаш. Луѓето ќе мислат дека овде добиваш посебен третман", наводно ѝ рекла шефицата. После тоа Брусја се пожалла на раководството на компанијата, па Деби Стивенс добила отказ.

„Таа ми беше шефица и ја почитував. Не сакав да умре. Ова е многу болно искуство за мене", рекла Деби Стивенс.

Дебора сега има намера да ја тужи компанијата за која работела и нејзината поранешна шефица за дискриминација.

Извор: stil.kurir.rs