Samsung ги претставува уредите со вештачка интелигенција за 2024 година на конференцијата „World of Samsung“
На европската конференција ќе биде покажано како вештачката интелигенција (AI) овозможува нови поврзани лајфстајл искуства преку линијата производи на Samsung за 2024 година
Samsung Electronics, пионер за искуства со поврзани уреди, е домаќин на конференцијата „World of Samsung“ овој вторник (20 февруари). На конференцијата ќе биде прикажана најновата линија на производи на Samsung за 2024 година - телевизори, аудио, мобилни, Smart Home и дигитални уреди.
„Во Samsung иновираме за да создадеме искуства што им помагаат на нашите клиенти да живеат поудобно и поповрзано. Од нашиот прв паметен телефон со вештачка интелигенција до QLED телевизорите кои се лидери[1] во индустријата, нашите производи оживуваат преку моќта на платформата SmartThings и иновациите со вештачка интелигенција“, рече Бенџамин Браун (Benjamin Braun), главен маркетинг директор на Samsung за Европа. „На конференцијата „World of Samsung“ ќе ја прикажеме моќта на вештачката интелигенција денес и какво е нејзиното вистинско влијание врз животите на нашите клиенти, сега и во иднина.“
Овогодинешната конференција „World of Samsung“ ги носи медиумите и партнерите во Германија не само за да ги видат најновите уреди на Samsung, туку и практично да искусат како овие уреди ги користат способностите на вештачката интелигенција за да го направат животот помалку комплициран, поудобен и подобро поврзан. За време на конференцијата, Samsung, исто така, ќе сподели детали за својата визија „AI за сите“, која се фокусира на тоа како технологијата со вештачка интелигенција ќе им овозможи на луѓето да ги искусат своите уреди поинтуитивно и поудобно од кога било досега.
Нова ера на мобилна вештачка интелигенција и зајакнување на секојдневните искуства
Првично претставена минатиот месец на настанот Galaxy Unpacked, серијата телефони Galaxy S24 обезбедува нови мобилни искуства со Galaxy AI[2]. На „World of Samsung“ присутните ќе можат да искусат како вештачката интелигенција ја засилува речиси секоја интеракција на најновите водечки паметни телефони Galaxy.
Во меѓувреме, новата функција Помош за белешки (Note Assist) во Samsung Notes (Samsung Белешки) помага да се креираат записници од состаноци генерирани со вештачка интелигенција, па дури и урнеци што ги насочуваат белешките во претходно направени формати, обезбедувајќи притоа белешките да останат организирани и концизни.
Конечно, серијата Galaxy S24 означува пресвртница во историјата на пребарувањето како телефони кои дебитираа со функцијата водена со гестикулации, Пребарување со заокружување на Google (Circle to Search). За да им обезбеди на корисниците на Galaxy неверојатна нова алатка, Galaxy се обрати до светскиот лидер во пребарувањето, Google и отвори нови форми на откривање со едноставен гест. Со долго притискање на копчето за почеток, корисниците можат да заокружат, да означат, да чкртаат или да допираат што било на екранот на Galaxy S24 за да видат корисни, висококвалитетни резултати од пребарувањето. На тој начин, ако сте на социјалните мрежи и видите јакна што ви се допаѓа, можете едноставно да ја изберете сликата и веднаш да бидете однесени на страницата на производот.
Редефинирање на домашната забава со најновите телевизиски и аудио иновации
На конференцијата „World of Samsung“ е истакната линијата на телевизори и аудио производи за 2024 година, вклучувајќи ги телевизорите 2024 Neo QLED 8K и микро LED иновациите, нудејќи премиум опции за секој клиент.
Воден од досега најиновативниот процесор на Samsung, NQ8 AI Gen 3, моќниот и интелигентен Neo QLED 8K за актуелната година нуди незаменлив квалитет на сликата. Процесорот Gen3 има NPU засилена со AI, кој е два пати побрз од претходно користениот процесор Gen2 и е најбрзиот процесор на Samsung досега. Тоа резултира со квалитет на сликата што ве приближува до омилената содржина. За љубителите на спортот, функцијата AI Motion Enhancer Pro ги решава вообичаените проблеми со пренесување натпревари со висока резолуција со намалено изобличување на топката. Автоматски го детектира типот на спорт и го применува правилниот модел за откривање топка користејќи технологија за длабоко учење со вештачка интелигенција.
Исто така, на „World of Samsung“ е претставена новата транспарентна MICRO LED иновација. Како еволуција во технологијата за екрани, тој го спојува естетскиот дизајн со технолошкиот напредок и не само што обезбедува реален квалитет на сликата, туку и се интегрира со идните технологии за да обезбеди неограничени можности во примената на транспарентен екран. Дополнително, транспарентниот MICRO LED на Samsung обезбедува супериорна осветленост, иновативен дизајн без рамка и неспоредлива транспарентност благодарение на високата област на отворање во секој пиксел, подобрувајќи ја јасноста на вашата содржина и одржувајќи ја видливоста на реалните објекти зад екранот.
Конференцијата, исто така, ги прикажува новите лајфстајл телевизори на Samsung и новите функции зголемувајќи го прилагоденото и персонализирано искуство на корисникот. TheMusic Frame е приспособлив и разновиден звучник, кој беспрекорно се интегрира со платформата SmartThings. Функционира како независен безжичен звучник или може да се спои со телевизор на Samsung и soundbar-звучник преку функцијата Q-Symphony за подобар surround-звук и посилен бас. TheMusic Frame се вклопува во просторот за живеење, претставувајќи се како рамка за слика за да го надополни декорот и да даде богат surround-звук во фармонија.
Надградба на поврзаниот дом со уреди кои користат вештачка интелигенција
BESPOKE уредите на Samsung, исто така, се прикажани на конференцијата „Wolrd of Samsung“, кои обезбедуваат зголемена удобност на корисниците преку подобрена поврзаност и интеграција со вештачка интелигенција. Одликувајќи се со елегантен дизајн и најнови можности за вештачка интелигенција, BESPOKE апаратите за домаќинство нудат футуристички стил и дополнителна функционалност за модерниот дом.
И другите уреди од линијата BESPOKE ги користат најновите достигнувања во вештачката интелигенција. Благодарение на новата циркулаторна пумпа и подобрувањата на софтверските алгоритми со вештачка интелигенција, новата машина за перење Bespoke AI сега ги надминува минималните барања за енергетска ефикасност од класа А до 40%[3]. Покрај тоа, функцијата AI Wash користи 5 различни сензори за интелигентно прилагодување на ефикасноста на перењето при секое полнење и обезбедува потемелно и поефикасно перење. Кај правосмукалката Bespoke Jet Bot Combo™, надградената функција AI Object Recognition значи дека сега таа може да работи попрецизно од кога било со зголемување на бројот на предмети што може да ги препознае и доаѓа заедно со функцијата AI Floor Detect со која може да се откријат различни површини и да се прилагоди потребната моќ за чистење (исто како со нашата stick-правосмукалка Bespoke Jet AI).
За повеќе информации за целата линија на производи со вештачка интелигенција на Samsung, посетете на: https://www.samsung.com/mk/.
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, лиените и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com
[1]Бр.1 производител на телевизор во продажба веќе 17 години.
[2]Функциите на Galaxy AI ќе бидат бесплатнинајрано до крајот на 2025 година на поддржаните уреди на Samsung Galaxy.
[3]Врз основа на внатрешното тестирање на Samsung, применливите модели од серијата WW8000D се 40% поефикасни отколку што е потребно за да се постигне ограничувањето на класата за енергетска ефикасност А според Регулативата (ЕУ) бр. 2019/2014.