САМСУНГ КВИЗ: Дали доволно добро ги познавате ознаките за одржување на облеката?
Речиси сите сме имале миг како од хорор филм – го вадите вашиот нов волнен џемпер од машината за перење и воочувате дека дури и на вашето милениче нема да му е точен. Смален, со изгубен облик, овој џемпер никогаш повеќе нема да можете да го облечете.
Колкумина од вас сфатија дека етикетите треба да ги читаме пред да стасаат нашите омилени парчиња гардероба до машината за перење? Според една студија објавена во “The Mirror“, осум од десет луѓе не ги распознаваат одредените симболи и ознаки, а дури 40% од лицата не знаат за што се однесуваат попознатите и почести ознаки, како “рачно перење.
Колку добро вие ги знаете ознаките на вашата гардероба? Подгответе се да дознаете!
Сепак, без разлика колку добро ги познавате ознаките на вашата облека, честопати се случува да заборавите да ја ставите за перење вашата омилена маица, или пак по поделбатана алиштата во категории да треба да ја користите машината за перење во неколку последователни циклуси на перење. Ова покрај другото го “пере“ и вашиот џеб трошејќи многу електрична енергија и ви создава дополнителни главоболки кога ќе ја видите сметката... Но, со напредокот на технологијата дел од овие секојдневни маки во домаќинствата веќе не треба да ви претставуваат грижа.
Новите “Samsung QuickDrive™“ машини за перење со уникатен спој на технологија ви дозволуваат да го следите циклусот на перење без разлика каде и да се наоѓате, овозможувајќи ви контрола со само неколку клика на вашиот “паметен“ телефон. Со помош на мобилната апликација “Samsung Connect“ можете да го следите почетокот и крајот на циклусот на перење, енергетскиот перформанс, па дури и да го закажете почетокот на циклусот на перење онака како што најмногу ви одговара – без разлика на тоа дали ви е потребно да исперете некое парче облека побрзо или пак да внимавате со вклучувањето на машината за перење на евтина струја. Со својот А+++ енергетски рејтинг, преку технологијата на Самсунг со еко-меурчиња (ecobubble technology) овозможува уште поефикасен процес на перење со продирање на меурчињата низ облеката допринесувајќи користење на вода со пониска температура во текот на перењето. За сите оние кои заради своето динамично темпо често забораваат некое парче облека да го додадат во машината за перење, функцијата “AddWash” е совршеното решение. Со нејзина помош додадете ги заборавените чорапи или крпи во машината без разлика на тоа што циклусот на перење е започнат. Одлично, зар не?
Новите “Samsung QuickDrive™“ машини за перење со пократок циклус на перење од вообичаениот ќе ве освојат со своите функционалности и за кратко време ќе станат омилениот апарат во вашиот дом.