САМСУНГ КВИЗ: КОЛКУ ЗНАЕЊЕ ПОСЕДУВАТЕ ВО ВРСКА СО ПЕРЕЊЕТО НА АЛИШТА?

Добивај вести на Viber

Перењето алишта е повеќе од она што мислите дека знаете и претпоставувате....

Вашите навики за перење на алиштата говорат многу за вашата личност. Тестирајте го своето знаење во врска со перењето на алишта и откријте дали сте професионалец или пак дефинитивно ви треба помош во домот.

Без разлика дали го сакате или го мразите, дали задолжително ја пуштате вашата машина за перење секоја недела или пак чекате да соберете доволно облека за перење, дали перете само ваши алишта или на целото семејство, секогаш има простор да научите нешто ново во врска со перењето алишта...

Дали знаете каде навистина одат изгубените чорапи? Ви се случило ли целата бела облека која сте ја ставиле за перење да ја извадите во нова, розова боја само затоа што не сакајќи сте ставиле и црвена маица? Како вашите навики во врска со перењето на алишта може да помогнат при заштеда на пари преку намалување на сметките за струја? Тестирајте го вашето знаење со нашиот квиз и проверете дали сте професионалец од доверба или пак ви треба збогатување на знаењето во оваа област... Можеби и ќе бидете изненадени!

Решете го квизот за да дознаете какви се вашите вештини при селекцијата и перењето на алиштата во машина за перење... и што ова говори за вашата личност.

Дали со право се фалите дека сте одлични кога станува збор за перењето на алишта? Откријте!

СТАРТ

1.  Точно или Невистинито: Облека со ознака “dry clean” не можете да ја перете во машината за перење.

ТОЧНО
НЕВИСТИНИТО

Ова е само препорачан метод. Доколку парчето облека кое сакате да го исперете не е свила, волна, тафета или плиш, тогаш би можеле да го перетепритоа одбирајќи поставки за нежно перење или пак рачен циклус. Доколку парчето гардероба е означено со ознака “dry clean only”, тогаш однесете го на хемиско чистење.

2.  Кои поставки на машината за перење се најдобри за синтетички материјали?

“Rapid Speed Wash“

“Rinse and spin“

“Permanent press“

“Delicate / hand wash“

Поставката “permanent press“ овозможува перење со средна брзина и нежен циклус на вртежи дизајнирани за да го намали гужвањето на облеката.

3.  Каде исчезнуваат чорапите при процесот на перење на алишта?

Под барабанот во машината за перење

Се од наведеното

Под делот за сушење

Зад делот за сушење

Вообичаено, кај машините кои нудат комбинирано сушење и перење, исчезнатите чорапи заталкуваат под или зад делот за сушење. Но, може и навистина да исчезнат, заглавувајќи се во пределот под барабанот на машината.

4.  Кој тип на машина заштедува највеќе електрична енергија?

Машина за перење алишта со горно полнење

Машина за перење алишта со странично (предно) полнење 

Според направенитепроцени пресметано е дека машините за перење со полнење од страничната предна страна трошат дури 50% помалку од оние машини кои се полнат одозгора.

5.  Точно или Невистинито: Жешката вода ги прави алиштата почисти

Вистина
Лага

Повеќето нови машини за перење и детергенти се дизајнирани за да ги исперат темелно вашите алишта и во ладна вода. Заштедете и оставете го перењето со топла вода за прекривките и навлаките за перници.

6.  Која е најчестиот проблем и најбарана поправка на машините за перење?

Водата не истекува

Водата

Водата не се испумпува за време на циклусот на центрифугирање

Машината за перење не работи или запира во средина на циклусот на перење

Машината за перење на алишта прави чудни звуци и вибрации

Ова може да значи дека лежиштата на машината за перење биле оштетени од вода и треба да се заменат. Исто така иостанатите понудениодговори претставуваат чести проблеми со машината за перење.

Резултат (70-100% точни одговори): Експерт за перење на алишта!

Вие сте вистински експерт за перење на алишта! На кому му е потребен сервис за перење алишта кога вие го поседувате целото знаење и експертиза и го применувате токму во вашиот дом. На памет ги знаете сите трикови, совети и поставки, а воедно и сте еден од ретките луѓе кои никогаш не го смалиле омиленото парче облека. Навикнати сте неколку кратно да ја пуштате машината за перење и не го избегнувате денот за перење алишта... Без разлика што животот ќе ви подготви – дамки од трева или пак од омилениот напиток – подготвени сте да се соочите со предизвикот.

Резултат (30-70% точни одговори): Несмасни, но вешти!

Познато е дека повремено ви се случува да смалите  убава кошула, но сепак, ги знаете повеќето тајни на процесот на перење на алиштата. Можеби не ги одвојувате совршено вашите светли и темни алишта, но најчесто ја завршувате работата без некои поголеми проблеми и последици. Решете го квизот одново, “испеглајте“ гинекои од вашите одговори и станете професионалецот кој заслужувате да бидете!

Резултат (0-30% точни одговори): Време е за перење... на вашите навики!

Навистина е време да започнете повеќе да се грижите за вас и вашата облека. Престанете да користите погрешен детергент, да живеете во “извалкано“ секојдневие од тврдоглавите дамки од кои никако не можете да се ослободите и да ја намалувате скоро целата ваша облека за неколку конфекциски броја со само едно перење. Имаме добри вести за вас! Никогаш не е доцна да научите како да се справувате со перењето алишта и машината за перење.

Дополнително, новите Самсунг машини за перење со QuickDrive™ технологија (Samsung QuickDrive™ Washing Machine)може да ви помогнат и да бидат решение за сите ваши предизвици и нервози, а воедно и да постават нов стандард во перењето на алишта во домаќинствата. Со помош на преминот кон “паметни домови“, еве како може да ви помогне “Samsung QuickDrive™“машината за перење:

1.  Ги пере вашите алишта поефикасно за да заштеди на вашите сметки за вода и електрична енергија, благодарение на “Q-Drum™” технологијата

2.  Самсунг технологијата со еко-меурчиња (ecobubble technology) овозможува уште поефикасен процес на перење со продирање на меурчињата низ облеката допринесувајќи користење на вода со пониска температура во текот на перењето.

3.  Новите Самсунг QuickDrive™ машини за перење алишта со специјална “AddWash“ врата овозможуваат во текот на циклусот на перење да додадете алишта доколку сте ги заборавиле претходно.

4.  Самсунг “QuickDrive™“ машините за перење дополнително помагаат при заштеда на електрична енергија со циклуси на перење кои траат пократко од вообичаеното.

Со помош на мобилната апликација “Samsung Connect“ можете да го следите почетокот и крајот на циклусот на перење, енергетскиот перформанс, па дури и да го закажете почетокот на циклусот на перење онака како највеќе ви одговара.