САМСУНГ КВИЗ: Што говори за тебе начинот на кој ја переш облеката?

Добивај вести на Viber

Која е твојата рутина за перење на облеката?

a.  Ја вклучувам машината за перење алишта барем еднаш во денот. Барем мојата машина никогаш не е преполнета. (3 поени)

б.  Ги собирам нечистите и извалкани алишта во текот на целата недела и потоа, во еден ден ја вклучувам машината за перење неколкупати. Иако на овој начин тој ден ми е целосно посветен на перењето, барем чувствувам олеснување кога ќе заврши. (2 поени)
в.  Рутина? Каква рутина? Заборавам да ги извадам алиштата од машината за перење штом циклусот за перење заврши и завршувам преперувајќи ги. Чистите алишта најчесто ги земам од сушарата каде ми се пружени да се сушат затоа што речиси никогаш не стасувам да ги здиплам. (1 поен)

Вашето дете ја извалка новата бела маичка која за прв пат му ја облековте. Кој е вашиот следен чекор?

a.  Веднаш ја поплавувам маичката во мешавина од детергент и ладна вода и ја оставам да отстои во текот на целата вечер. Доколку преостане некоја “тврдоглава“ дамка поединечно ја третирам со директна апликација на детергент следниот ден, пред да ја ставам маичката во машината за перење. (3 поени)

б.  Користам влажни марамчиња за да се ослободам од дамката, потоа ја третирам со апликација на детергент директно на неа и потоа ја ставам во корпата за валкани алишта, подготвена за следниот циклус на перење. (2 поени)
в.  Веднаш се ослободувам од маичката. Засекогаш! (1 поен)

Која изјава најдобро ве опишува?

a.  Обожавам да ги перам алиштата. Целиот процес на сортирање на облеката, третирање на дамките, потоа диплење на облеката додека е свежо испрана и чиста ме смирува и релаксира. (3 поени)

б.  Перењето на облеката е неопходно зло, но е подобро од чистење на тоалетот и бањата. (2 поени)
в.  Мразам да перам алишта... Има премногу чекори во целиот процес и изгледа како никогаш да нема крај... Подготвен/а сум да се преселам во нудистичка колонија. (1 поен)

Која е вашата филозофија за користење на избелувач за облека?

a.  Задолжително за користење. Користам верзија безбедна за обоени алишта за моите темни и светли алишта, додека за белите редовно користам класичен избелувач. (3 поени)
б.  Повремено користам избелувач, доколку мојата облека изгледа навистина валкана, но најчесто заборавам да го употребам. (2 поени)
в. Никогаш не ја сортирам облеката за перење и перам се одеднаш во ладна вода. Со оглед на ова избелувачот не доаѓа в предвид. (1 поен)

Колкав процент од твојата облека се суши по природен пат?

a.  80% – Ова навистина е тајната за поголема трајност на облеката. Речиси сите мои алишта се сушат по природен пат, исто така и облеката на моите деца. Кога надвор временските услови дозволуваат, алиштата ги закачувам на отворено и ги изложувам на сонце. Покрај тоа, ултравиолетовите зраци од сонцето помагаат при отстранувањето  на дамките. (3 поени)

б.  50% – Голем дел од мојата облека ја сушам по природен пат, но облеката на децата секогаш ја сушам во машина за сушење алишта. И вака и онака ќе ја израснат за краток временски период. Не вреди да вложувам дополнително време и труд. (2 поени)
в.  0% – Да ја пружам облеката да се суши по природен пат би значело дополнителен чекор во овој, и вака веќе долг процес, што значи машината за сушење алишта ми е најдобар другар во оваа ситуација. (1 поен)

Дали сакате да ја пеглате облеката?

a.  Секако! Не постои сличен звук како оној на пареата која излегува од пеглата и ги ја измазнува згужваната кожула. (3 поени)

б.  Па.... не сакам згужвани и неуредни алишта, затоа морам да пеглам. (2 поени)
в. Oчигледно не. Облеката за која пеглањето е неопходно или ја носам згужвана, или ја праќам на хемиско чистење и оставам тие да се справат со неа. (1 поен)

Како е поделена одговорноста за перењето на облеката во вашиот дом?

a.  Таа задача целосно ми припаѓа мене. Реално, никој друг не знае да се справи со машините за перење и сушење. Ова е моја област и не сакам да ми се мешаат во мојот систем. (3 поени)

б.  Го правам сето тоа само затоа што има други домашни обврски кои со задоволство би ги избегнал/а. ИЛИ Мојот партнер и јас си ги делиме обврските, а кога децата ќе пораснат доволно и тие ќе се вклучат. (2 поени)
в.  Не знам и не ме интересира. Се што знам е дека тоа не е моја задача и обврска. (1 поен)

РЕЗУЛТАТИ

Собери ги поените кои ги пишува покрај секој од избраните одговори и провери го својот резултат подолу:

17 – 21 поени: Перфекционист во перењето на облеката

Како и твојата рутина за перење на облеката, твојот живот е организиран и ти си во контрола. Твоето домаќинство функционира како добро подмачкана машина и се гордееш со тоа. Луѓето ти се обраќаат тебе кога работите треба да се завршат, а ти никогаш не ги разочаруваш. Исто како и ти, и новата Самсунг “QuickDrive™“ машина за перење на алишта никогаш не разочарува и е најдобар пријател на домот – нејзините циклуси на перење се пократки од вообичаените, со помош на напредната технологија со еко-меурчиња ги чисти и најтврдокорните дамки, се прилагодува на твојот распоред - сево ова енергетски ефикасно, штитејќи го твојот џеб.

12 – 16 поени: Реалист во перењето на облеката

Помеѓу два патишта, горен и долен, вие го одбирате средниот. Ги одбирате вашите битки – кога да бидете прецизни, а кога да ги препуштите работите на случајност, а вашиот стил на перење на алишта не е ништо поразличен. Луѓето мислат дека сте дружељубиви, но сепак знаат дека треба да ве сфатат сериозно. За уште поголема организираност и повеќе време за социјализација, новата Самсунг “QuickDrive™“ машина за перење на алишта овозможува планирање на циклусите на перење и нивно контролирање дури и кога сте надвор од домот. Додека уживате во прекрасната вечера со пријателите во вашиот омилен ресторан, се што е потребно е да ја вклучите апликацијата “Smart Тhings“ и перењето може да започне.

7 – 11 поени: Безгрижно и без стрес!

Твојата филозофија е дека животот е премногу краток за да се грижиме за многу работи, меѓу кои и перењето на облеката. Сè ќе се среди евентуално и нема потреба од дополнителен стрес при процесот на достигнување на целта, затоа што самото патување е половина од забавата. Или едноставно, навистина си многу, многу зафатен/а со обврски. Негувајќи ја филозофијата дека дополнителниот стрес е вишок во секојдневниот живот, новата Самсунг “QuickDrive™“ машина за перење на алишта со својата функција “AddWash“ овозможува да ја додадете облеката за перење дури и откако циклусот на перење е веќе започнат!

Самсунг “QuickDrive™“ машината за перење е паметен уред кој користи технологија за да помогне да заштедите време и енергија, притоа одржувајќи ги вашите алишта чисти и во одлична состојба. Погледнете ги карактеристиките кои ги поседува тука и започнете да уживате во бенефициите!

Кои се вашите најголеми грижи при перењето алишта? Споделете ги со нас во коментар!