САМСУНГ “QUICKDRIVE™“ совети како совршено да ја исперете облеката во бела боја

Добивај вести на Viber

Белите ткаенини се препознатливи по тоа што “привлекуваат“ дамки, а ако не сте внимателни при нивното перење, тие едноставно може да добијат сива боја и да изгледаат монотоно и безживотно. Самсунг “QuickDrive™“ машината за перење ќе се погрижи вашата бела облека да изгледа совршено подолго време!

Ниската температура на водата е решението!

Дали ви се случило да ви се истури кафе или пак кечап на вашата омилена бела кошула? Честа заблуда е дека оставањето на облеката натопена во топла вода помага при ослободувањето дури и од најтврдокорните дамки. Всушност, вистинскиот трик е натопувањето на облеката со ладна вода. Без разлика дали вашата кошула е памучна, синтетичка или пак станува збор за бебешка облека, со помош на напредната технологија на Самсунг, сега можете да ја оставите вашата бела облека потопена во ладна вода со меурчиња во времетраење од 30 минути на било која од преферираните програми за перење, со допир на едно копче. Уникатните еко-меурчиња од Самсунг “QuickDrive“ машината за перење продираат длабоко во ткаенината и се ослободуваат од тврдокорните дамки, овозможувајќи ви темелно и ефикасно перење по секое натопување.

Не ги мешајте извалканите алишта со дамки со останатата облека која треба да се испере

Едно од главните правила на перењето на алиштата е “Секогаш одвојте ги едни од други парчињата облека во светла и темна боја“, но исто така секогаш пред перењето треба да ги одделите и многу извалканите алишта со тврдокорни дамки од оние помалку извалканите, особено ако се бели. Овие поделби на облеката го зголемуваат бројот на циклуси на перење кои ви се потребни, па затоа неопходна ви е машина за перење која е истовремено и моќна и брза. Машината за перење “QuickDrive™“ го намалува времето на еден циклус на перење до 50%, а потрошувачката на електрична енергија до 20%, притоа не правејќи компромиси во квалитетот на перењето. Нејзиниот “Q-Drum™“ барабан содржи “главен барабан“ и “чинија“ зад барабанот кои ротираат независно еден од друг, што придонесува за креирање на двојни сили кои ја придвижуваат облеката динамично, а не само во нагоре-надолу, или пак лево-десно. 

Оставете го перењето на Самсунг “QuickDrive™“ машината за перење, додека вие уживате во животот! 

Сакате да го носите вашиот омилен бел фустан на неделниот семеен ручек, но воочувате дека има дамка. Не ги менувајте вашите планови заради перењето на алиштата – само вклучете ја “Laundry Recipe“ функцијата! Со “Laundry Recipe“ функцијата на “Q-rator“ – системот за паметно управување со машината за перење, достапни ви се препораки за оптимални циклуси на перење* врз основа на тип на облека, боја и степен на валканост, помагајќи ви да ги пронајдете оптималните поставки директно од вашиот паметен телефон. Системот за паметно управување “Q-rator“ користи информации кои се собрани за време на корисничките интеракции за да овозможи поефикасно користење на “QuickDrive™“ машината за перење. 

Самсунг “QuickDrive™“ е паметна машина за перење  која користи напредна технологија за да ви помогне да заштедите време и енергија, притоа одржувајќи ги вашите алишта беспрекорно чисти. Намалете го времето поминато во перење и уживајте во бенефициите од низата функционалности и неверојатни карактеристики кои ги оваа машина ги поседува.