Сандали во овие три бои мора да имате ова лето: Заборавете на црни и бели - ова е трендот моментално (ФОТО)
Со години црната е една од најдобрo комбинираните бои, а сега е време за поубави, посветли бои
Во текот на летото се е дозволено, а конечно сандалите во светли бои го добија заслуженото место во секој женски аутфит.
Без разлика на возраста или времето од денот, сандалите во овие три бои се задолжителен моден детаљ ова лето.
На секоја комбинација ќе и дадат посебен шарм, а лесно можете да ги комбинирате со фустани, здолништа, но и со панталони, шалвари, па дури и одат со одело.
Портокалови сандали или чевли
Сандалите во портокалова боја се одличен избор кога е во прашање најжешката сезона. Оваа боја го симболизира оптимизмот и радоста, па едноставно ќе ви ја врати насмевката на лицето. Обувките со отворени прсти во тренди летна нијанса се совршени парчиња за храбар аутфит „колор блок“ и може да се комбинираат со виолетова или розова. Ако сепак сакате поедноставен стајлинг.
Можете лесно да ги усогласите со гардероба во неутрални нијанси, како бела, крем и беж. Може да се носат со класични елегантни комбинации, кои ќе бидат особено шик и тренди благодарение на чевлите во портокалова боја.
Сандалите во сина боја се хит
Небесно сината боја е апсолутен хит оваа година. Сандали во оваа боја ги преплавија модните писти, а ги носеа многу познати инфлуенсери.
Доколку сакате некоја од овие, одберете ги оние во неонски бои, светло сина, небесно сина, а потемните нијанси оставете ги за есенските и постудените денови.
Што и да облечете со нив, ќе бидете забележани, а може да се носат и за прошетка, вечерно излегување, па дури и на работа, бидејќи со се добро се вклопуваат.
Крем бојата е секогаш шик
Доколку не сте егзибиционист и не сакате многу да експериментирате, сандалите и чевлите во крем боја се за вас.