Сања Кужет ослабе неверојатни 18 килограми: Исфрли само една намирница од исхраната и линијата ја доведе до совршенство
Водителката Сања Кужет важи за една од најзгодните на српската јавна сцена, а својата витка линија ја должи на редовната физичка активност и строгата диета.
Таа во август ќе наполни 40 години, зад себе има две породувања, а многумина ѝ завидуваат на нејзиното извајано тело. Водителката е многу дисциплинирана кога се во прашање здравјето и изгледот, а особено внимава што внесува во своето тело.
Сања еднаш изјави дека во втората бременост се здебелила 18 килограми, но дека после половина година успеала да се врати на старата тежина.
- Бев најдебела во бременоста, се здебелив дури 18 килограми. Сепак, после шест месеци се вратив на линијата. На високите жени ни е полесно. Кога ќе се здебелиме, се некако убаво се разлева и не е толку забележливо“, изјави претходно водителката за медиумите и откри што јаде:
- Го исфрлив лебот од исхраната. Во принцип, не јадам јаглехидрати, затоа што од нив само отекуваме. Првото нешто од што се откажав беше прекрасното, топло пециво, кое многу го сакав. Верувајте, ќе биде полесно да вежбате без јаглехидрати, бидејќи тие влијаат на тоа како спиеме. Кога ќе се ослободите од сè што ви пречи на здравјето, ќе видите дека тоа ќе има корисен ефект и на вашиот изглед“.
Наместо индустриски слатки, згодната водителка јаде овошје, а клучот за нејзиниот манекенски изглед е во редовната физичка активност.
„Никогаш не сум била голем љубител на слатки. Штом почувствувам дека ми паѓа шеќерот, јадам некое овошје. Понекогаш земам и јагоди со шлаг, тоа е одлично за мене. Активно играм тенис веќе една година и ми помага да останам витка. Тој спорт е моја љубов од помладите денови, но претходно немав време да му се посветам. Благодарение на тенисот имам повеќе енергија да вежбам и да бидам во добра форма“, изјави Сања.
Таа во мај годинава истрча полумаратон на Белградскиот маратон, поради што беше исклучително горда на себе.
„Успеав! 21 км, полумаратон. Кој ги поставува границите? Ние самите, и ги движиме до височините што ги сакаме! Ја постигнав целта, по само 8 месеци трчање и затоа сум најголема царица! Благодарам на моето семејство, пријателите, колегите што ме поддржаа во првото искуство на Белградскиот маратон. Благодарам на тркачите кои ме бодреа кога беше најтешко. Што ли ќе смислам следно?", изјави тогаш Сања.
Фото: Youtube -screenshoot - Grand News Tv Grand/Инстаграм
Извор: стилкурир