Јадела и тоа како, посебно намирници што дебелеат: Еве како Хурем Султан ослабе 8 килограми за 2 месеци

Мерјем Узерли ослабе следејќи го сопствениот режим на исхрана...
Турската актерка Мерјем Узерли, позната по улогата на Хурем Султан, смислила сопствена диета која и помага да ослабе без да се откаже од омилената храна.
Иако сака да готви и да ужива во оброците, кога ќе забележи дека се здебелила, го следи овој режим и лесно симнува 8 килограми за два месеци. Овој начин на исхрана го користи особено кога треба да ослабе за некоја улога.
Мерјем, која во август наполни 42 години и има две деца, гордо одржува линија на која би и позавиделе помладите жени.
„Да бидам искрена, има моменти кога интензивно спортувам, дури и претерувам, а има и денови кога не правам апсолутно ништо. Се трудам да одржувам рамнотежа. Во период од еден месец секое утро јадев леб со Нутела, а потоа една година не можев да и се доближам“ - признала во една прилика Мерјем Узерли.
По оваа фаза со месеци појадувала само леб и сирење. Но, во тоа била умерена, па не се здебелила.
Кога морала да ослабе за улогата во серијата Сулејман Величествениот, продуцентите го привлекоа вниманието на нејзината тежина. Тогаш решила да се посвети на својот режим.
Нејзината исхрана не подразбира строги жртви - клучот е да уживате во храната умерено. По построгата фаза од диетата, со месеци појадувала само леб и сирење, но во контролирани количини, што и помогнало да ја одржи витката линија без да ги врати килограмите.
- Треба само да си дисциплиниран и да престанеш кога е најслатко. Јадев тесто, слатки, месо, овошје, зеленчук, сè, но во ограничени количини.
Фото: ИнстаграмИзвор: Najzena.alo.rs