Сара Џесика Паркер ја носи најмодерната чанта, по која „полудеа“ сите трендсетерки: Има неодолив ретро вајб и одговара на сѐ што ќе ви падне на памет

Добивај вести на Viber

Љубителите на модата моментално лудуваат по еден специфичен модел на чантa и веќе е познато дека тоа ќе биде најпопуларното парче на следната пролет. Се работи за чанта Kisslock Frame со потпис на брендот „Coach“. Моделот беше претставен во септември оваа година на модната недела во Њујорк како дел од колекцијата пролет/лето 2025 година.

Ако листата на чекање, која е исполнета со брзина на светлината, не е доволен доказ колку овој модел на чанта ги воодушеви трендсетерите, тогаш секако е фактот што стана дел од серијата „И тоа како..“ , продолжение на култната серија „Сексот и градот“.

Имено, во една од епизодите на третата сезона, Кери Бредшо, ликот кој го толкува Сара Џесика Паркер, носи многу шик есенски аутфит, а забележлив дел од аутфитот е големата кафена кожена чанта. Во оваа сцена Кери носи феноменално, многу модерно издание во кое комбинирала долго тексас здолниште во А линија, карирана јакна и долга волнена наметка во темна боја.

Специјалните аксесоари како бисер ланче, велур, окер чевли и гореспоменатата чанта Coach го заокружија стајлингот на најдобар начин.

Чантата е доволно голема за да ги собере сите секојдневни потреби, нема рачка и е инспирирана од винтиџ моделите што ги носеле нашите баби со вкрстен метален спој на горниот дел.

Чантата ќе биде достапна во три основни бои - црна, бела и кафена, како и во две или три помалку класични нијанси како нежно розова и зелена, а на овој модел може да се додадат апликации и натписи по желба.

Бидејќи чантата сè уште не е официјално пуштена во продажба, цената не е позната, но едно е сигурно - веќе е познато дека ќе биде задолжително парче од пролетната сезона!

Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs