Сара отишла во Турција на затегнување, а се вратила со две дупки во стомакот и грпка на грбот: „Имав 9 операции за да се поправи штетата“

Добивај вести на Viber

Сара Плат (33) од Јужен Велс, отпатувала во Турција за затегнување на стомакот, како и за зголемување и подигнување на градите откако ослабела, останувајќи со опуштена кожа. Ја привлекла цената на зафатот, која била повеќе од двојно поевтина од Велика Британија. Меѓутоа, наместо да закрепне под турското сонце, таа останала во валкана хотелска соба, а по враќањето во татковината морала да направи девет корективни операции.

„Моето тело е осакатено, имам две дупки во стомакот, немам гради, имам грпка на грбот и се ме боли. Тоа што се случи таму ми го уништи животот“, рекла Плат.

По долгогодишни здравствени компликации, вклучително и итна хистеректомија, тежината на оваа мајка на четири деца пораснала и таа морала да оди на операција на желудник. Кога ослабела, се појавил нов проблем - огромно количество болна, опуштена кожа која не можела да ја отстрани на државна сметка.

„Операцијата во Велика Британија чинеше 33.000 фунти, што беше над моите можности. Најдов место во Турција каде што ќе чини 15.000 фунти. Ниту тоа не беше најевтино, но клиниката и хирургот имаа многу добри прегледи со пет ѕвездички, кои денес верувам дека беа лажни“, изјави Сара за Дејли Меил.

Таа со родителите пристигнала во Анталија во февруари, а хотелската соба била чиста и пространа. Кога дошла на предоперативни анализи на крвта, видела дека е на одделението за плодност и породување. Таа закажала преглед со хирургот и ѝ рекле дека зафатот е закажан во 8 часот наутро.

„Таксито што го испратија доцнеше, па јас дојдов до 7:50. Документите беа на турски, а кога ја побарав англиската верзија, ми рекоа дека нема време и ќе го изгубам местото. Ме фати паника, но чувствував дека сум навлезена премногу длабоко во сето тоа за да се повлечам“, се сеќава оваа 33-годишна девојка.

„Моето тело беше зелено, а болката беше неверојатна“

Ја сместиле во инвалидска количка и ја оставиле пред операционата сала каде можела да ги види лекарите додека вршеле царски рез. Пред да добие збор, ја однеле во собата и ја започнале постапката. Операцијата траела 13 часа, таа се разбудила во компресија во страшни болки. Набрзо открила дека хирургот, покрај стомакот и градите, и го отстранил вишокот кожа од рацете и колковите.

„Кога го откопчав оделото, изгледав како да имам три гради. Медицинската сестра рече дека е отечена, но тоа е салото што го оставиле зад себе. Моето тело беше црно и зелено, а болката беше неверојатна. Му се јавив на мојот сопруг и му кажав тој да се грижи за нашите деца бидејќи јас ќе умрам“, вели таа.

По враќањето во Велика Британија, таа отишла кај нејзиниот матичен лекар кој и дијагностицирал сепса. Сара е итно префрлена на првата од деветте операции за да се санира штетата што ѝ ја нанел турскиот хирург, пренесува „Јутарњи.хр“.

„Открив и дека се заразив со MDRO (мултиотпорни микроорганизми) од користење валкани инструменти. Траумата е толку голема што имам кошмари и ПТСН, би дала сè за да го вратам времето назад“, вели Сара.

ФОТО: Инстаграм 

Сара отишла во Турција на затегнување, а се вратила со две дупки во стомакот и грпка на грбот: „Имав 9 операции за да се поправи штетата“