Сарказам, провокација, правила: Што ги нервира хороскопските знаци?
Нервозата е неизбежен дел од секојдневието на секој човек. Некој се нервира повеќе, некој помалку. Еве што покажува астрологијата на оваа тема.
Овен
Овните генерално ги нервираат ситници и досадни мали нешта, како на пример сообраќајниот метеж или долгите редици во маркетите. Понекогаш ќе се случи и да пропцујат, но нервозата брзо им поминува.
Бик
Може да биде изнервиран поради недостаток на секс, гужва, лошиот вкус на другите луѓе и непознавањето на општествените правила за однесување. Исто така, може да ги извади од такт и несигурната финансиска состојба.
Близнаци
Близнаците ги нервираат арогантните луѓе, песимистите, луѓе со ограничени погледи, луѓе кои немаат смисла за хумор. Не им се допаѓа кога некој постојано ги прекинува или кога ќе се најдат во ситуација каде мораат да молчат.
Рак
Не им се допаѓа кога се гладни, кога им е жешко, кога им е ладно, или кога не се соодветно облечени. Не сакаат провокација, неправда и неблагодарност. Ги нервира кога некој не го почитува нивното мислење .
Лав
Ги иритира дебелината, работа за време на големи жештини и недостатокот на пари за луксуз. Исто така ги „вадат од кожа“ ситуациите во кои некој се покажува поуспешен од нив.
Девица
Ги иритира неред, доцнење, неодговарање на телефон, луѓе кои постојано се жалат и плаќањето на сметките. Исто така, може да „збеснат“ ако треба да го променат својот распоред.
Вага
Не сакаат кога некој им вика, или кога се однесуваат кон нив без трошка почит. Се нервираат кога не можат да ги искажат своите ставови, а кога се незадоволни со нивниот изглед тие едноставно полудуваат.
Шкорпија
Ги нервира кога луѓето ќе им позајмат нешто им нема да им вратат. Мразат кога луѓето шират лаги за нив. Тајните им одат на нерви.
Стрелец
Не им се допаѓа лажење, приговарање и луѓе кои се обидуваат да им ги контролираат животите. Тие не сакаат да бидат постојано дома и тоа ги иритира ако немаат можност да уживаат во своето хоби.
Јарец
Тие не го сакаат несоодветно однесување на другите луѓе, друштва кои не им се по желба, ирационалното однесување на луѓето и трошење големи суми на пари. Исто така, ако не можат да им веруваат на своите блиски. .
Водолија
Водолиите не сакаат ситуации во кои мораат да се однесуваат според правила, не им се допаѓа кога другите ги исмејуваат, поради тоашто го зборуваат или начинот на облекување. Најмногу се лутат кога партнерот или некој близок ќе ги изневери.
Риби
Тие не сакаат сарказам и провокација. Им се качува притисокот кога луѓето не го ценат нивниот труд. Се нервираат кога бараат паркинг, како и кога добиваат ниќни повици за исполнување на некои свои мали слатки желби.