Саша Поповиќ го ожени синот од првиот брак на Сузана: Таа на свадбата дојде во портокалов костим и чанта од 10.000 евра (ФОТО)
фото:instagram printscreen
Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ слават затоа што синот од првиот брак на Сузана, Данијел се жени со својата долгогодишна девојка Тијана.
Жал ми е што не сум негов вистински татко: Саша го прифатил синот на Сузана како свое дете
Семејството Поповиќ, прославата ја започна од својата куќа на Бежанијска коса, каде беа пречекани од новинарите. Фотографиите покажаа дека сите во семејството внимателно се подготвувале за овој момент.
Сузана носеше модерен комплет во портокалова боја, во комбинација со виолетова боја, а она што го привлече вниманието на многумина е кафената чанта за која се проценува дека чини 10.000 евра.
Саша како и секогаш одбрал модерна и елегантна црна облека. Нивната наследничка Александра пак носи кралско син костум, а специјално за оваа прилика ја обои косата во огнено црвена нијанса.
Веселото семејство кратко разговараше со новинарите, а потоа се упатија кон место каде со пријателите и семејството го прославуваат еден од најубавите моменти во животот.
На свадбата имаше покането и многу познати гости, од Лепа Брена, Вики Миљковиќ, Бекута, и многу други, а за микрофонот се фати и Снежана Ѓуришиќ.