Се дрогирав и имав тешко детство: Деми Мур пишува мемоари

Деми Мур на есен ќе ги објави мемоарите наречени „Inside Out" во кои открива непознати детали од својот живот. Во нив, актерката најави дека ќе пишува за многу нешта, од тешкото детство, преку проблемите со зависноста од дрогата и алкохолот, до љубовта со Брус Вилис и со Ештон Качер.

Уредничката на „Харпер“ магазинот Џенифер Барт која ја има прочитано книгата вели дека тоа е приказна за „преживувањето, успехот и предаденоста, но и за отпорот“.

Во своите мемоари, Деми Мур го опишува своето тешко и скромно детство во Ново Мексико, каде што пораснала со мајката и со очувот, кој своето семејство често го селел, а на крајот извршил самоубиство. Својот биолошки татко никогаш не го запознала, а пример не можела да пронајде ниту во својата мајка која имала „дебело“ досие со апсења поради возење во пијана состојба и предизвикување на пожар.

„Без оглед каков успех сум постигнала, никогаш не сум се почувствувала доволно добра“, изјави неодамна Деми Мур. Ми дадоа шанса да го поправам својот живот пред уништам буквално сѐ“, искрена е актерката. 

Во книгата, особено се впечатливи деловите во кои зборува кога во осумдесетите се пријавила на рехабилитација поради зависноста од дрога откако се онесвестила во својот дом во Лос Анџелес. 

Со Брус Вилис беше во брак 13 години 

На само 17 години го запознала музичарот Фреди Мур, за кој се омажи во 1980 година и помина со него во брак пет години. Денес зад себе има бракови со двајца холивудски актери, Брус Вилис од 1987 до 2000 година и со Ештон Качер од 2005 до 2013 година.