Се гледав во огледало и чувствував срам: Ана ослабела 152 килограми, а намалувањето на желудникот ѝ донело проблеми
Неодамна, 28-годишната Американка Ана ја раскажа својата приказна за екстремното слабеење во емисијата на TLC „My Extreme Excess Skin“, и ја призна суровата вистина – дека сите проблеми не исчезнуваат со килограмите... Оваа дама по операцијата за намалување на желудникот изгубила дури 152 килограми но тоа ѝ донесе нови проблеми – огромен вишок на кожа.
Секогаш кога ќе се погледнам во огледало чувствувам само срамота. Сега носам големина на нормална личност, но ова е нешто што не можам да го изгубам, колку и да вежбам, што и да јадам. После толку напорна работа , сè уште сум заглавена со потсетување на личноста што сум била“, ја започна својата приказна Ана.
28-годишната девојка од Њу Џерси од детството, од својата 4-та година, страда од вишок килограми, а нејзините родители рекле дека постојано се дебелее, без разлика на што и да се обиделе да направат. Нејзината мајка истакна дека имала проблеми да се качи во автобусот, авионот, луѓето ја гледале каде и да се појавела ...
„До крајот на средното училиште имав 142 килограми. Се сеќавам дека ме малтретираа моите врсници, ми фрлаа храна по ходниците. Избегнував луѓе. Најчесто времето го поминував во библиотека, каде што бев безбедна од луѓето“, истакнала таа.
Животот на Ана радикално се променил по раѓањето на ќерката Лејла - тоа било една од причините поради која направила операција на стомакот и изгубила толку килограми. Меѓутоа, со години по оваа процедура таа се борела со срамот поради вишокот кожа - тоа ја спречувало да ужива во секојдневните активности и не се чувствувала удобно и задоволно во својата кожа.
„Се чувствувам ужасно и го мразам своето тело. Сакам да се чувствувам како да припаѓам некаде и да не морам повеќе да се кријам. Не сакам ќерка ми да се срами од мене, да мисли дека не изгледам нормално“, низ солзи вели Ана.
Вака изгледа Ана по операцијата на вишок кожа Foto: TLC / screenshot
Како цел на шоуто во кое учествувала во бесплатна операција за затегнување на кожата, таа истата и ја добила. „Восхитена сум како изгледа моето тело сега. Оваа мама е среќна што конечно може да излезе и да се забавува со ќерка си, и без срам да облече костим за капење“, заклучила таа.
Foto: TLC / screenshot