Се комбинира на безброј начини и секогаш изгледа фантастично: Макси кошулата на Ана Ивановиќ треба да ја има секоја дама со стил

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ има воспоставен моден стил кој секоја жена лесно може да го копира

Српската позната тенисерка Ана Ивановиќ сака опуштени и удобни комбинации во кои се чувствува удобно.

Меѓутоа, кога приликата го бара тоа, таа знае да биде многу елегантна, префинета и отмена.

Стајлинот што таа го избра да ужива во есенските денови викендов ги воодушеви сите љубители на кежуал стил и им даде идеја на жените што мора да имаат во својот гардеробер оваа есен.

Оваа есенска сезона дефинитивно ќе ја одбележат макси кошулите, а една од нив облече и поранешната тенисерка, во крем боја.

Со неа искомбинирала прекрасни бели панталони и бели патики. Целата комбинација ја заокружи со чанта во иста боја како кошулата, а лежерно ја собрала косата во опавче.

Откако ја објави својата фотографија на социјалните мрежи, нејзините следбеници воодушевено го коментираа нејзиниот нов стајлинг.

Повеќе изданија во кои имавме можност да ја видиме убавата Ана.



фото: Инстаграм

Овде Ана Ивановиќ и Бастијан го пронајдоа својот мир: Семејниот дом на хармоничниот пар е оаза на љубов и среќа (ФОТО)