Се мажеше четири пати, страдаше од депресија : Животната приказна на Дорис Деј

Добивај вести на Viber

Холивуската легенда Дорис Деј почина на 97 години во мај годинава. Актерката од златните години на Холивуд починала во нејзиниот дом во Калифорнија, опкружена од блиски пријатели.

Деј се мажеше четири пати, но имаше само еден син, Тери, кој почина во 2004 година. Во едно интервју призна дека првите три сопруга не ја третирале како вистинска жена. Првиот ја малтретирал, вториот ја напуштил, а третиот банкротирал. 

Помеѓу вториот и третиот брак, кратко се забавуваше и со Роналд Реган

Деј страдаше од депресија, имаше панични напади и голем страв од летање. По снимени 39 филма во период од две децении, во 70-те се пензионира и се посвети на заштита на правата на животните.

Со Рок Хадсон во Pillow Talk

Во 1960 година беше номинирана за Оскар за најдобра актерка за филмот Pillow Talk. Во музичкиот свет ќе остане запаметена по големиот хит Que Sera, Sera оригинално снимен во 1956 година.