Се одлучи за царски рез: Богдана ќе ја породи гинекологот на Цеца

Богдана Ражнатовиќ, сопругата на Вељко Ражнатовиќ, наскоро треба да се породи и дна свет да донесе машко дете. Како што пишува српски „Блиц“, породувањето ќе се случи во приватна клиника во Белград, а сопругата на српскиот боксер ќе ја породи истиот лекар што ја породи Цеца Ражнатовиќ.

- Иако прво беше планирано Богдана да се породи во „Народен фронт“ во апартманот во кој е роден нејзиниот сопруг Вељко, членовите на семејството Ражнатовиќ ја сменија оваа одлука во последен момент. Се чувствуваат најбезбедно доколку тоа го направи нивниот семеен лекар. Во договор со него, тие одлучија породувањето да биде во приватна клиника. Договорен е царски рез кој ќе го изведе д-р Пророчиќ, кој ја породи Цеца кога беше бремена со Вељко и Анастасија - откри близок извор и додаде дека еуфоријата во куќата на Ражнатовиќ станува се поголема и поголема бидејќи раѓањето се доближува.

- Се чини дека сите се нервозни, не само идната мајка. Вељко не ја симнува насмевката од лицето, додека Цеца едвај да го земе внукот во рацете. Богдана е во голема мера подготвена, торбата за во болница е спакувана уште од влегувањето во деветтиот месец. Во овој момент е речиси јасно дека новиот член ќе го размази најмногу тетката Анастасија, која во веќе го има испланирано секој подарок - изјави соговорникот.

Извор: телеграф.рс