Се одрече од својот син, Селма Хајек му е втор брак: Кој е Франсоа-Анри Пино
По трагичниот настан кој вчера го потресе светот, сите се молат да се задржи автентичноста на Катедралата Нотр-Дам во Париз. Својата хуманост на дело веднаш ја покажа и еден од најбогатите Франзуци, Франсоа- Андри Пино кој реши да донира 100 милиони долари за реновирање на оваа специфична градба.
-Мојот татко и јас одлучивме да одвоиме 100 милиони евра и да учествуваме во реконструкцијата на Нотр-Дам, напиша Пино во соопштението до медиумите.
Франсоа-Анри Пино или сопругот на светски познатата актерка Селма Хајек.
Актерката која по потекло е од Мексико е позната по својата егзотична појава и беспрекорниот актерски талент. Токму таа ја играше улогата на познатата мексиканска сликарка Фрида Карло во истоимениот филм.
Богатството на нејзиниот сопруг се проценува на над 15 милијарди долари, тој е сопственик на фудбалскиот клуб „Рен“, косопственик на „Гучи“, има мултинационална компанија која се занимава со продавање на луксузна роба. Вредноста на неговата компанија се проценува на повеќе од 40 милијарди долари.
Во брак со Селма Хајек е од 2007-мата година, а ја имаат ќерката Валентина. Франсоа често патува со својата сопруга и ќерка.
Во август минатата година, тој приреди изненадување со кое ги обновија заветите со Селма.
Пред неколку години се одрече од својот син, кој го доби со поранешната партнерка, супермоделот Линда Евангелиста, по што Линда бараше од него да плаќа месечна алиментација од 46.000 долари, така што на детето ќе му обезбеди дадилка и обезбедување. Како причина за одрекувањето од својот син, Франсоа го наведе тоа дека минатото не го интересира, и дека одењето по судови можело да ја загрози тогашната бременост на Селма која тоа го доживеала како голема траума.
Пред врската со супермоделот, еден од најбогатите Французи на сите времиња, до 2004-та година беше во брак со за јавноста непозната жена, со која има две деца-ќерка и син.