Се огласи Марија Шерифовиќ по тврдењата за љубовна врска со Јована Пајиќ: Кажа сѐ што ѝ лежеше на душа
Во срските медиуми наголема се шири веста дека Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ се на романтично патување во Италија.
И ништо овде немаше да биде сензационално доколку медиумите не почнаа да брмчат за нивната наводна љубовна врска, наведувајќи како романтично се шетаат во градот на љубовта.
Откако медиумите беа преплавени со наслови за нивната наводна емотивна врска, се огласи и Марија Шерифовиќ.
- Всушност, ми се чини дека има две Марија Шерифовиќ. Едната вистинска, во мојата кожа и со мојот глас и карактер, а другата, само надворешно слична - што нема врска со таа првата, која служи за напади, клевети и неуморни озборувања за неа. Таа втора, лажна „Марија Шерифовиќ“ демек нема душа и чувства, затоа што стана медиумска вреќа за тупаници. Па ако може некој да успее да ја врзе и да ја претепа што е можно посилно и побрутално - напиша меѓу другото Марија и додаде:
- Вака живееме рамо до рамо, јас и мојата двојничка, под исто име и сличен, а сепак различен начин на постоење- заклучи меѓудругото пејачката.
извор:blic