Се омажи најстарата ќерка од десетте деца на Еди Марфи: Блесна во прекрасна венчаница, татко ѝ ја придружуваше до олтарот (ФОТО)

Актерот и комичар Еди Марфи ја однесе својата ќерка до олтарот каде што ја даде на нејзиниот сопруг Мајкл Хавиер.

Ќерката на Еди Марфи, Бриа Марфи и Мајкл Хавиер официјално се венчаа. Уметницата (32) и нејзиниот свршеник (36) размениле завети пред 250 најблиски пријатели и семејството, на волшебна церемонија на отворено во Беверли Хилс на 9 јули.


Бриа отиде до олтарот со нејзиниот татко комичар, Еди Марфи, а и нејзината мајка, Никол Мичел Марфи, исто така беше покрај нејзината ќерка на специјалниот ден.




За време на церемонијата, Бри носеше прекрасна венчаница од тантела од Нета Бен Шабу. Својот изглед го комплетираше со цветно ланче. Мајкл носеше црн смокинг Кнот Стандард, стилизиран од Дион Латимор.


Цветна тема на венчавката ја красеше салата со лустери и цветни венци и светла кои го украсуваа целиот простор за забава. Дрвјата беа осветлени со светилки, додека свеќи и букети розови и бели рози ги красеа масите.

На приемот, Еди излезе на подиумот и со гостите сподели зборови за љубовта за својата најстара ќерка.

„Едноставно сум многу, многу горд. Многу, многу среќен, мило ми е што ве видов сите и не им посакувам на Бриа и Мајкл ништо друго освен љубов и среќа“, рече Марфи.

Големата ѕвезда Џони Гил ги изведе своите хитови на венчавката.

Во декември, Бриа сподели фотосесија од свршувачки фотографии на својот Инстаграм профил, нарекувајќи го нејзиниот тогашен вереник „Моето срце, мој најдобар пријател, мој засекогаш, те сакам“.. Бриа е едно од десетте деца на Еди. Актерот ги има и синовите Ерик, 33, Кристијан, 31, Мајлс, 29, Шејн, 27, Макс Чарлс, 3, и ќерките Зола, 22, Бела, 20, Анџела Ајрис, 15 и Изи Уна (6).

Eди Марфи има 10 деца, 4 поранешни жени, вереница и внуче: Во неговиот дом нема караници ни љубомора


извор:stil.kurir