Се омажив за љубовта од средношколските денови: Најголемата грешка во мојот живот!

Мислев дека сум подобра, дека нема да завршам како 80% од моите врсници кои се омажија со момчињата од средно училиште, но згрешив - јас сум иста како и сите

Не бев многу женствена, а гласините дека сум лезбејка започнаа уште пред да ја доведам во прашање мојата сексуалност. Кога конечно сфатив во што сите се сомневаат, гласот се рашири низ градот, што подоцна резултираше со депресија и малтретирање.

Го сакав она што го сака секој тинејџер: да излезе во градот, да чувствува пеперутки, да бакне некого, да оди на танцување и да се држи за рака со некого во училишниот ходник...

Сепак, најблиското нешто што го имав и изгледаше како врска беа неколку бакнежи во темнина со луѓе кои не сакаа да признаат дека се во врска со мене. Бев осамена и со скршено срце. Покрај тоа, истополовите бракови не беа дозволени, хомосексуалците беа исклучени од општеството, а јас не чувствував дека имам голема иднина.

На крајот од прва година во средното училиште, еден од моите најдобри пријатели ме бакна. Го очекував истото сценарио: никому ништо нема да каже, повторно ќе ме „потпре“ некаде во темнина и ќе зборува за тоа како ја бакнал „лезбејката“.

Но, се случи незамисливото: ме праша дали ќе бидеме дечко и девојка отсега?!

Бев пресреќна! Некој сакаше да се биде со мене, да ме фати за рака, да ме носи во кино ... Бевме нов пар на училиште. Сите не‘ гледаа зачудено. Но, уживав. Конечно се чувствував нормално! Како да припаѓам некаде.

Таа наша љубов се протегаше до крајот на средното училиште. Моите родители инсистираа да одам во поголем град да студирам, и се чувствував како да сум повторно на почетокот.

Стравот од отфрлање во новата средина едноставно ме парализираше. Моето долгогодишно момче се вработи во нашиот мал град и одлучи да ми верува. А, јас го прифатив побрзото и подоброто и на деветнаесет години веќе бев мажена жена.

Решив голем проблем со уште поголем проблем!

По една година, сфатив дека повеќе не можам да го поднесам животот во таа мала средина. Тој се согласи да се запишам на колеџ во поголем град. За време на работната недела, бев на факултет, а за време на викендите се враќав кај мојот сопруг.

Сепак, и двајцата чувствувавме како се‘ помалку да сме во брак. По една година, тој отворено и без ниту еден погрешен збор убаво ми објасни мене и себе си дека ние двајцата веќе немаме иднина.

Се разведовме. Го продолжи животот, а денес ми е најдобар пријател, ги обожавам неговите деца. А јас ... уште сум сама. Се‘ уште имам паничен страв од врски.

А, ако ме прашате дали треба да се венчате за љубовта од средното училиште, мојот совет е да почекате. Почекајте неколку години, па сами ќе си увидете. Дозволете си да пораснете. Можеби нема да имаш среќа како мене, може да „налеташ“ на човек кој нема да има разбирање што мојот најдобар пријател го имаше за мене!


Фото: Shutterstock