Љубовна приказна како на филм: Се сакале како тинејџери, а повторно се споиле по 68 години

Неверојатна љубовна приказна

Нивната врска како тинејџери траела две години, пред животот да ги раздели. Тие биле многу млади, запознале нови партнери, се венчале, основале семејства. Поминале децении, а нивните партнери починале ...

Средношколската љубов никогаш не умрела во нив. Тлеела скоро 70 години за повторно да се разгори за време на пандемијата на корона вирусот и да заврши со брак.


Љубовната приказна за Фред Пол (84) и три години помладата Флоренс Харви започнала пред 68 години, кога тие првпат се виделе. Тие се запознале како тинејџери во Вандсворт, мало гратче во Канада и го поминувале секој слободен момент заедно - оделе во црква, разменувале бакнежи меѓу предавањата, оделе на концерти ...

Секоја вечер тој и посакувал добра ноќ и ѝ велел дека ја сака преку прозорецот со вклучување и исклучување на светлото во неговата соба. А, таа можела да го види тоа од нејзиниот дом од другата страна на заливот. Тие биле заедно две години.

Кога Пол наполнил 18 години, а Харви 15 години тргнале по одделни патишта. Пол се преселил во Торонто за работа, а кога се вратил една година подоцна се обидел да ја најде, но открил дека таа се преселила во друг град. Времето поминувало и двајцата нашле други партнери, се венчале и основале семејства.

Годините поминувале, се претвориле во децении.

Во 2017 година Харви го изгубила сопругот Лен, тој починал од рак. Парот бил во брак 57 години и имаат пет деца.

Две години подоцна, сопругата на Фред, Хелен, исто така починала, имала неколку здравствени проблеми и имала деменција. Тие биле во брак скоро 60 години и имаат две деца.

Тагата ги обедини повторно

Харви го повикала Фред за да го утеши и му рекла дека ќе се подобри со текот на времето, а дека тагата ќе се намали. Од тој ден, сè почесто се слушале, зборувале за сè, за нивните животи, бракови, деца, внуци ... Се сеќавале на старите времиња и среќните моменти што ги поминувале заедно.

Тие одлучиле да ја обноват врската и да се венчаат


- Таа беше мојата прва љубов. Мојата прва девојка и мојата прва вистинска љубов. Разговаравме еднаш неделно, а потоа двапати, три пати и на крај секој ден со часови. Ние навистина се поврзавме иако не се гледавме сите овие години. Знаев, тоа е тоа - изјави Пол за Си-Ен-Ен.

После неколку месеци разговор на телефон, Харви го изненадила Фред за неговиот роденден. Таа отишла во Торонто. Во јули минатата година. Таа навистина го изненадила.

- Кога дознав дека таа е во градот и доаѓа кај мене, веќе беше 11 и пол часот навечер. Излегов од креветот, се облеков и напишав со креда на патеката: 'Добредојдовте, Флоренс'. Кога пристигна, се приближив кон автомобилот, ја прегрнав и ја бакнав во образот. Ја држев за раце и веднаш знаев дека ми го зеде срцето - продолжи тој.

Три дена подоцна тие одлучиле да се венчаат и да живеат заедно. Семејствата ги прашале зошто брзаат, а тие им објасниле дека не се сомневаат и сакаат да го поминат остатокот од животот заедно, а велат не им останало многу. Во тој момент, Фред требал да започне со третман на рак на желудникот, но Харви рекла дека ќе биде со него во добро и во лошо.


Конечно се венчале на 8 август опкружени со блиски членови на семејството и пријатели во црквата Норвал Јунајтед во Џорџтаун, Онтарио. Списокот на гости бил краток заради пандемијата.

- Ти беше првиот млад човек кој ме придружуваше до дома како тинејџер. Претпоставувам дека ќе бидеш последниот човек што ќе ме придружува дома - му рекла Харви за време на церемонијата.

Парот ги венчал свештеникот Пол Авани, кој во својата кариера има извршено повеќе од 500 свадбени церемонии, но на ова венчавка, тој рекол, „најтрогателната и најчиста церемонија на која сум бил досега“.

- Двајцата биле во брак со години. Тие создадоа семејства, спомени и прекрасни животи. И двајцата вистински ги исполниле своите завети кон своите први сопружници, тие беа со нив во болест и здравје, во радост и тага. А сега, со сета мудрост што ја собраа во животот, низ сите радости и таги на животот, падовите и висините на животот, тие беа подготвени повторно да ги дадат тие завети. Откако ги даде заклетвите, Фред ја извади хармониката и невестата ја отпеа песната на Rickyja Skaggsa „I Wouldn't Change You If I Could“.  Имаше солзи во очите на сите собрани. Едноставно, не може да не чувствувате посебна радост кога гледате вистинско, живо чудо, дека сме биле сведоци на незамислива љубовна приказна - им раскажа свештеникот на љубопитните новинари.

Фред и Харви планираат да одат во градот каде што се запознале и да посетат локации што накратко ќе ги вратат во младоста.


Погледнете ја нивната приказна во видеото: