Се отвори нов центар за професионална обука за шминкери и фризери-АКТ центар за убавина
Едно од омилените скопски места за нега и убавина, Студио Акт прослави јубилејни 18 години од своето успешно работење.
Што е уште позначајно, истовремено промовираше и нов центар за едукација АКТ, каде се нуди обука за професионални шминкери, основна и мастер обука, едукација за шишање и стајлинг, надаградба на нокти, ботокс на трепки и многу повеќе.
Станува збор за исклучително квалитетни програми за обука, кои ги држат искусни експерти со долгогодишно професионално искуство, што за оние кои ќе ги посетат ќе им биде од исклучително значење. Ќе се стекнат со вештини и знаења, кои ќе им овозможат самостоен професионален ангажман.
Инвестицијата во знаење, нови вештини, е најголемата вредност која може да ја добие еден човек, желен за работа и успех. Едукацијата во АКТ, е резултат на 18 годишното практично искуство, на работа со најразлични клиенти, на бројни задоволни клиенти, на однос на доверба и разбирање, кој е најваќен во овој исклучително конкурентен и сензитивен сегмент-женска нега и убавина.
Кандидатите кои ќе ги поминат програмите за обука, добиваат релевантен сертификат, но пред се практични вештини кои во иднина многу ќе им помогнат во секојдневната работа.
На 18-тиот роденден, и официјалната промоција на центарот за едукации АКТ, присуствуваа огромен број на пријатели, соработници, потврдувајќи го значењето во нивниот живот на ова студио кое е нивното место за нега и убавина. Се најави и ексклузивниот еднодневен MAKE UP MASTER SHOW + workshop со балканскиот шампион во шминка за 2018 година, г-ѓата Сандра Николетич, кој ќе се одржи на 23 декември, а за кој резервации можат да се направат до 10.12.2018 на телефон 071 227 891.
Нека
е со среќа!