Се ожени поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ: Ова се сите детали за свадбата која ќе трае 3 дена

Сите трошоци ќе ги подмири Сандал, па така, на гостите ќе им организира првоз и сместување...

Поранешниот сопруг на пејачката Емина Јаховиќ, Мустафа Сандал се ожени вчера, на 3 јуни, во Рим, со две децении помладата Мелис Сутсуруп.

Мелис и Мустафа одлучиле по интимната церемонија во Амбасадата на Турција во Рим, да приредат и гала забава, која ќе трае дури 3 дена.

Голема прослава која ќе трае од 10 до 12 јуни, ќе се одржи во луксузен хотел во летувалиштето Мармарис и ќе имаат околу 80 гости, пишува магазинот „Hello“.

Двојката на 10 јуни ќе организира „грчка вечер“ во ресторанот во хотелот, следниот ден ќе имаат венчавка во градината на истиот, а потоа со гостите ќе одат на плажа, каде што ќе се одржи забавата.

Венчавката ќе се заврши со прекрасен ручек следното утро, се наведува во поканите. Секако, сите трошоци ќе ги подмири Сандал, па така, на гостите ќе им организира превоз и сместување.

Мелис и Мустафа се во врска три години, а се верија во февруари и тоа во строга тајност.

Со фотографии од веридбата ги открија убавите вести и најавија свадба, која ја очекуваат со нетрпение.