Здравје // Совети
Се подготвува лесно и брзо: Домашен пијалак за зајакнување на имунитетот
Силниот имунитет сега е приоритет и најдобро е да се зајакне организмот со природни пијалаци.
Едноставен рецепт за чај кој се прави лесно и брзо. Сите состојки од кои е направен се погодни за имунитетот и здравјето.
Потребни намирници:
-Вода
-Корен од ѓумбир
-Цимет
-Мед
-Јаболков оцет
-Лимон
Начин на подготовка:
Излупете парче ѓумбир со големина од околу пет сантиметри, исечете го на парчиња.
Ставете го во тенџере со 800 милилитри вода и лажичка цимет, оставете го да зоврие, тргнете го од оган и оставете го да отстои околу десет минути.
Исцедете, изладете и измешајте две лажици јаболков оцет, три лажици мед и сок од еден лимон.
Можеби ќе ве интересира:
Како да ги надминете кризите за храна: 12 здрави ужини