Се пофали со прекрасен момент: Актерот од „Истанбулската невеста“ објави посебна фотка

Турскиот актер за време на семејниот одмор не одолеа на можноста да се пофали со малото достигнување на својата ќерка

Актерот Салих Бадемџи (38) е еден од омилените турски актери, како во својата земја, така и во регионот, а има улоги во некои од најпопуларните ТВ проекти.

Кај нас сигурно е најпознат како Фикрет во „Истанбулската невеста“, а играше и во „Вљубениот ерген“, „Клубот“ и многу други, а наскоро ќе биде и ѕвезда на „Нетфликс“, бидејќи игра една од главните улоги во серијата „Кројач“ , снимена во продукцијата на оваа компанија.

Сепак, Салих пред се е сопруг и татко, а семејство основал со актерката Имер Озгун, која на јавноста и е позната по улогите во сериите „Наследството на една дама“ и „Плачот на виолината“.

Парот има едно дете, ќерката Илким, а изминативе денови уживаа во заедничкиот семеен одмор.



По тој повод создадена е многу симпатична фотографија од среќната двојка, а интересно е што нејзиниот автор е - Илким. Актерот се гордее со овој прекрасен портрет и во описот истакна:

- Ова е првата фотографија направена од нашата две и пол годишна ќерка.



„Малата добро ве врамила“, „Слатки сте“, „Убава фотографија, Бардемџијеви“, „Пример за среќно семејство“... се дел од коментарите на фановите.

фото: инстаграм