Животна училница // Приказни
Се породи Тамара Тодевска: Хана доби братче, а ние уште една љубов
- 12 Декември, 2018
Пејачката Тамара Тодевска денеска роди син. Пејачката на својот Фејсбук профил ја сподели убавата вест со своите пријатели.
„Се роди нашиот Дарен. Хана доби братче, а Мачка и јас уште една неописива љубов. Пресреќни сме и многу благодарни на целиот тим на „Аџибадем Систина“ и на нашата докторка Гордана Петровска. Ви испраќаме безброј бакнежи“, вели Тамара.
За Женски магазин, таа изјави дека ова е вистински период за второ дете и дека на ќерката Хана нема да и се одземе вниманието кое таа и сопругот и го давале до сега. Тамара пред неколку дена на социјалните мрежи објави фотографии со разголен стомак и рече дека едвај го чекаат раѓањето на синот.