Се продаваат фалсификувани производи за третман на коса, од Revlon Professional информираат како да ги препознаете

Добивај вести на Viber

Третмани за коса со сомнителен квалитет и непроверено потекло се појавија на македонскиот пазар, апелираат од Revlon Professional Macedonia. Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост.

Почитувани потрошувачи и долгогодишни соработници,

Би сакале да Ве известиме дека на пазарот се појавија UniqOne третмани за коса со сомнителен квалитет и непроверено потекло.

Со цел да Ве заштитиме, Ние како официјален увозник на UniqOne третманот за коса, ја споделуваме следнава информација со Вас:

Фалсификувани производи може да претставуваат значителен ризик
за Вас и Вашите потрошувачи. Бидејќи лажните производи најчесто не ги исполнуваат строгите стандарди за квалитет и безбедност на ЕУ и Ревлон Професионал, тие може да го оштетат или да ги загрозат вашето здравје и безбедност.

Следните информации ќе ви помогнат безбедно да купувате и да ги проверите производите за можни фалсификати.

ДАКАЛАМА НЕТ има потпишано екслузивен договор за дистрибуција на Ревлон Професионал производите на територија на Република Македонија. Нашите производи имаат декларација на која го пишува потеклото, извозникот и увозникот.

Сите останати производи на кои нема декларација од ДАКАЛАМА НЕТ се фалсификати и продавачот си превзема одговорност пред законот и последиците кои ќе настанат од употребата на тој производ.