„Се разбудив, а цел интернет гледаше слики на кои сопругот ме изневерува“: Водителката случајно ги видела фотките, а одлучи да му прости после сѐ

Мемоарите кои неодамна ги објави водителката кренаа голема прашина, а во нив откри многу непознати детали за јавноста.

Кристина Мекгинис (33), популарна водителка, објави мемоари наречени „A Beautiful Nightmare“ во кои откри голем број детали од приватниот живот за кои досега не зборувала.

Меѓу другото, таа проговори и за скандалот кога на интернет видела дека кружат слики од нејзиниот сопруг Патрик Мекгинис со неговата љубовница, пејачката Никол Еплтон. Таа во целосен шок му се јавила но тој не и одговорил на повиците.



-Тој и денес жали за тоа што го направи. Бев во куќата со децата, нашите близнаци тогаш имаа четири години, а имавме и 10-месечна ќерка Фелисити. Видов слика како кружи насекаде од него и Никол Еплтон прегрнати и среќни. Повратив од стресот и веднаш му звонев, но тој не сакаше да одговори. Моите пријатели ме советуваа да го оставам, но знаев дека нема да го сторам тоа. Знаев дека му е тешко да води семеен живот и дека му треба време. Бев уништена, но знаев дека ќе му простам – пишува водителката и реалити ѕвезда.

- Тогаш објавив неколку статуси на Твитер, но на крајот простив се. За да биде збогувањето целосно, морав целосно да заборавам на тоа и така беше. Никогаш повеќе не му ја спомнав таа измама, ниту пак зборував за тоа јавно – вели таа.


Таа во своите мемоари открива и дека и бил дијагностициран аутизам, а аутизам имаат и нејзините три деца.

 - Дијагнозата ми ја кажаа додека јас и Патрик снимавме документарен филм за нас за Би-Би-Си. Чудно е, но цел живот погодувам. Сите мои проблеми со храната, со дружењето, колку ми е тешко да се фокусирам и да ги одржувам пријателствата, мојата неодлучност, моите ставови во животот... Видов дека сите мои деца имаат слични проблеми сега, кога ми беше дијагностициран после нив, сè има смисла. Не сум изненадена, но сепак ми е тешко да го прифатам тоа – пишува таа.



Извор: zena.blic.rs

Foto> Instagram