Се разделија, но не можеа еден без друг: Убавата турска актерка Демет Оздемир правеше веридба, наскоро следува свадба (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Актерката од популарните турски серии објави кога ќе се омажи за својот избраник.

Турската актерка Демет Оздемир, ѕвездата на серијата „Сонувачот“ која се емитуваше и кај нас, е една од најпопуларните личности во својата земја, па медиумите постојано пишуваат за нејзиниот приватен живот. 

Како што најави Демет, таа наскоро конечно ќе му го каже судбоносното „да“ на нејзиниот вереник Огужан Коч — тие неодамна правеа веридба а сега закажаа романтична прослава за 26 август.

Демет на веридбата промени три фустани, од кои два бели и еден розов.

Оваа врска, инаку, е една од најследените во Турција, особено откако парот раскина во одреден момент минатата година. Сепак, згодниот музичар и водителката и убавица од серијата „Сонувач“ набрзо сфатија дека не можат еден без друг, па следеше помирување.


Неколку месеци откако повторно станаа пар, Коч ја запроси Демет на 14 февруари, Денот на вљубените.

Нејзиниот иден сопруг е еден од најпознатите мажи во Турција, а учествувал во неколку телевизиски проекти.

Иако има музичко образование и музиката му е примарна работа, тој се испробал на многу полиња, а е доста успешен како актер и сценарист, пред се во комедијата. Покрај тоа, тој е и еден од најатрактивните момци на турската јавна сцена.

Инаку, медиумите претходно ја поврзуваа актерката со нејзиниот колега од популарната серија - Џан Јаман, кој стана вистинска европска ѕвезда, пред се поради неговиот талент, но не помалку внимание привлекува и неговиот изглед.

извор:GLOSSY