Се сакаат, ама и се мразат: Двете најфатални љубовни комбинации во хороскопот

Добивај вести на Viber

Лудо се сакаат, и уште полудо не се толерираат во одредени фази, се колнат во себе како на својот (поранешен) партнер нема да му го простат ова или она, но невидливите конци кои ги поврзуваат никогаш не се кинат целосно. Тие можат еден без друг, но заедно се непобедливи и можат да се борат против целиот свет. Откријте кои се тие љубовни комбинации во Зодијакот, кои и покрај бројните компликации секогаш остануваат заедно …

Водолија – Девица 

Во оваа комбинација, Водолија е онаа која прва и паѓа во око на Девицата. Таа крои тактика да го добие нејзиното внимание, затоа што кај прецизните Девици се е во планирањето и промисленоста. Од сите оружја со кои располага најдобро ќе запали хуморот на Девицата, бидејќи Водолијата секогаш паѓа на богатството на душата, а не авионите и камионите кои и се нудат. Овој астро спој е прилично необичен, бидејќи тие се сосема различни во своите погледи на светот, но хемијата која постои меѓу нив е толку силна па како сето тоа да се брише. На овој пар не му е потребно премногу долго за да се заљубат едни во други до коска, но најчестата пречка е тоа што Водолијата е речиси нездраво бестрашна, додека Девицата е онаа која проценува колкав ќе биде ризикот ако ја послуша Водолијата. Од друга страна, Девицата има тенденција да го проповеда бидејќи таа смета дека ја испила сета мудрост на овој свет и со својот пасивно-агресивен пристап ја убедува Водолијата како само таа е во право. Водолијата тоа ќе го толерира, во зависност од тоа колку се силни емоциите кои таа ги гаи за “паметникот”, што Девицата ќе го разбере како сигнал дека успеала во својата намера. Кога ќе сфати дека е во заблуда, ќе се пожали дека Водолијата е самоволна и дека тоа повеќе нема да го трпи, додека Водолија ќе се умори од нејзината каприциозност па разидувањето ќе им се чини единствено решение. И ќе мислат дека тоа е засекогаш. Тие се во состојба да не бидат во контакт со месеци, па дури и години, но во мислите се често заедно. Водолија е во состојба да самува и во потполност да се посвети на подобрување на други аспекти од својот живот, додека Девицата ќе се задоволи со тоа дека за неа во животот, повеќе или помалку се е исто, но повремено ќе влетува во авантури. Сепак, луѓето кои ќе влезат во нејзиниот живот по Водолијата, нема да бидат ниту нејзина бледа сенка. Колку и да и смета атипичниот поглед на светот на Водолијата, ќе и недостига нејзиното разбирање, помалку блесавото однесување и покажувањето на своите чувства на крајно невообичаени начини. Бидејќи и двата знаци се тврдоглави, прашањето е кој од нив прв ќе воспостави контакт. Иако ќе постојат одредени негодувања од двете страни, кога конечно повторно ќе се најдат и спојат, тоа ќе биде засекогаш.

Стрелец – Риби Уште еден астро пар кој на прв поглед изгледа неспоив. Стрелецот е вистински освојувач кого не го интересираат друштвените правила и се однесува сосема неконвенционално, додека Рибата робува на предрасудите додека фантазира за љубовта од бајките. Додека таа е повлечена, тој без срам ја покажува својата наклоност и сака што е можно поскоро да се конкретизира нивниот однос. Стрелецот е повеќе чувствен, страстен тип на кој што му треба повеќе време да ја открие длабочината на чувствата кои постојат во него, но Рибата неодоливо го привлекува поради своите, речиси детски, романтични идеи за живот. Таа во него гледа поддршка и некој кој може да ја води низ животот. Нему тоа на почетокот многу ќе му се допаѓа но со текот на времето ќе почнат да го гушат нејзините големи и сериозни планови во животот, затоа што, не заборавајте дека тој мисли дека може да прави што сака и да доаѓа и си оди кога сака. Ако во тој момент Стрелецот запознае некоја особа која повеќе го возбудува и привлекува од Рибата, тој нема да има проблем тоа да и го каже, бидејќи секогаш е брутално искрен. Рибите пак, се пречувствителни и неговиот остар јазик, ќе и нанесе големи рани на душата кои ќе ги смета за непростиви. Дури и ако нема трето лице Стрелецот може да западне во таква душевна состојба за во која ќе смета дека излезот од таа врска е единственото спасение за него. Ќе ја убедува Рибата дека или тој не е доволно добар за неа или ќе ја набеди дека му прави нешто зад грб. Нивните збогувања се повеќе од бурни, не останува ништо од нивната интима, туку и двајцата зборуваат насекаде, барајќи поддршка од јавноста за својата одлука. Кога ќе помине првиот бран на негативни емоции, и двајцата се во состојба да страдаат во голема мера еден за друг, но слабо комуницираат. Дури и кога тие се во контакт, тоа им носи повеќе штета отколку добро, а потоа и двајцата се зарекнуваат дека тоа е дефинитивно крај и дека нема што да бараат еден од друг. Со текот на времето, Стрелецот нема потреба да ги покажува своите шармерски вештини и да докажува на себеси како му е одлично сам. Рибата, иако длабоко повредена, се обидува да го продолжи својот живот, дури и влегува во површни врски, но длабоко во себе, знае дека со секоја нова личност го бара она чувство кое го имала додека била со Стрелецот. Колку и работите меѓу нив да биле комплицирани и навидум непоправливи, на крајот Стрелец е тој, кој одлучува да даде уште една шанса за нивната приказна. Рибата, како тоа едвај да го чека, затоа што во суштина таа никогаш не се откажала од него. Можеби ќе треба време за да се ускладат, но кога конечно ќе се согласат за тоа што се целите кон кои и двајцата се стремат, нивниот однос станува нераскинлив.