Се сеќавате ли на Езел: Турскиот заводник ќе стане татко, но голем скандал ја засени оваа вест

Познатиот турски актер Кенан Имирзалиоглу, на нашата публика попознат како Езел од истоимената турска серија, го очекува своето прво дете со сопругата, колешката Синем Кобал.

Турските медиуми долго шпекулираа дека парот очекува девојче, но сепак изгледа дека нивното семејство ќе стане побогато за едно момче, кое би требало наскоро да дојде на овој свет.


Меѓутоа, она што посебно ја интригира јавноста во последните денови е и шпекулацијата дека Кенан ја изневерил својата бремена сопруга и тоа со колега.

Иако се веќе четири години во среќен брак со Синем, гласините дека турскиот заводник е наклонет кон личностите од ист пол, секојдневно се засилуваат, меѓутоа тој во повеќе наврати го демантираше ова.


Првпат за неговата наклонетост кон истиот пол се пишуваше во 2013 година, а таа приказна повторно се најде во центарот на вниманието пред неколку недели.

„Синем беше свесна во што се впушта. Веќе со години зборува дека Кенан сака мажи и дека ја изневерил со неколку. Но, Синем го сака и се надевам дека ќе се промени и ќе сфати дека таа е единствената која му е потребна. Најмногу поради тоа и сакала да имаат дете, за да ги зближи уште повеќе, но него ниту тоа не го спречи за да се сплетка со помладиот колега“ - рече за турските медиуми неименуваниот извор.