Се смета за најинтелигентна жена во Холивуд, а се облекува како стриптизерка: Актерката уште еднаш шокираше со изборот на фустан
Таа има 50 години и тело на девојче
Една од најзабележаните гости на синоќешната гала манифестација „amFar“ гала во Венеција беше Кејт Бекинсејл, чиј заштитен знак се предизвикувачките фустани, па синоќа се појави во луксузна тоалета во златна и црна боја која никого не остави рамнодушен, а многумина потсети на нешто што би го носеле забавувачите во Лас Вегас или стриптизерките.
Провокативниот фустан што го носеше не беше само обичен провокативен фустан. Станува збор за комбинација од луксузен фустан од тул со златни детали и златно боди кое спречи сѐ да се открие.
Кејт Бекинсејл блесна на настан организиран во рамките на 80-тиот Филмски фестивал во Венеција, а многумина веќе коментираа колку таа изгледа младешки.
Ова е нејзината тајна:
Кејт го започнува своето утро со појадок и директно упатување во теретана. Актерката тренира 6 пати неделно под надзор на личен тренер. Тоа се обично „HIIT“ тренинзи кои вклучуваат кревање тежина, склекови, чучњеви, бокс и многу други вежби за сила.
Покрај вежбите, Кејт строго се грижи и за тоа што јаде. Таа генерално не консумира шеќер и јаглехидрати бидејќи тие прават да се чувствува надуена. Нејзината исхрана се базира на протеини и зеленчук, кои нејзиното тело добро ги вари.
Кејт долго време била вегетаријанка, но поради советите на нејзиниот тренер почнала да јаде риба и пилешко.
- Кога го снимав филмот „Перл Харбор“, почувствував недостаток на енергија, а советот на тогашниот тренер беше да почнам да јадам риба и пилешко. Така направив и ми помогна - откри Бекинсејл и додаде дека воопшто не консумира алкохол:
- Не пијам алкохол. Многу брзо го чувствувам неговиот ефект и всушност никогаш не сум испила цела чаша нешто алкохолно – објаснила таа.
Извор: stil.kurir.rs