Се смирија ли Карлеуша и Тошиќ: Досега невидено изненадување за „Свети Валентин“ стигна во домот на пејачката (ФОТО)

Денес е Денот на вљубените.

Јелена Карлеуша не престанува да го привлекува вниманието на јавноста со своите постапки и изјави, пред се на социјалните мрежи, а така беше и овој пат. Имено, за бракот на Јелена, односно неговиот колапс, многу се шпекулира уште од 7 јануари годинава, кога таа пријавила во полиција дека нејзиниот сопруг Душко Тошиќ ја плукнал и ѝ удрил шамар.

Тогаш на Тошиќ му беше изречена итна мерка забрана за приоѓање во траење од 48 часа, која потоа беше продолжена на 30 дена. Поранешниот фудбалер набрзо отпатува за Турција, а Јелена остана во Србија со нивните ќерки.

Карлеуша за време на овој скандал само еднаш на Инстаграм објави дека не се разведува, но шпекулациите сепак не престануваат. Јелена и Душко одамна не може да ги видиме заедно на јавни настани, а и тие ги напуштија и социјалните мрежи.

*Вртете на стрелката десно за да погледнете повеќе фотографии



Сепак, денешното соопштение на Јелена многумина ги натера да помислат дека таа се смирила со сопругот, и дека разводот навистина нема да се случи. Јелена објави фотографии од вилата на Дедиње, а опкружена е со многу букети црвени рози. Во коментарите имаше голем број прашања за тоа од кој Јелена добила толку цвеќе, на Денот на вљубените, но таа не го кажа тоа до овој момент.



И додека едни фанови поддржуваат и претпоставуваат дека Душко и пратил цвеќе на пејачката, други се на мислење дека се работи за некој друг, а коментарите одат дотаму што има и такви што се сомневаат дека Јелена сама си ги купила за да се слика за Инстаграм и повторно ја провоцира јавноста.


Фото: Инстаграм