Се венчаа тајно, кум им беше хашки осуденик: Љубовната приказна на покојниот актер Игор Первиќ

На српскиот актер Игор Первиќ, кој вчера во 52 година почина по битка со тешката болест, се присети на неговата поранешна сопруга, познатата балерина Јелена Тинска. Јелена беше 15 години постара од Первиќ, беа кратко во брак, а таа раскажа како се венчале.

Беше 15 години постара од Игор.- Јелена Тинска 

„Се венчавме во кафеана, никој да не нѐ види. Нашиот кум беше Франко Симатовиќ- Френки, озлогласениот хашки осуденик, затоа што ми е другар од младоста. Ресторанот го чуваа телохранители, а матичарката доцнеше. По два часа, влезе еден од телохранителите и му вели на кумот:  Шефе, една жена дојде, тврди дека е матичарката. Едвај ја пуштија. Утредента, излезе во весниците за веначвакта, затоа што на масата до нас имаше цело друштво новинари. Лидија, мајката на Игор мене не ме сакаше, не ме сакале никогаш мајките на моите партнери“, раскажа балерината.

Первиќ е роден во Белград на 29 октомври во 1967 година. Завршил Факултет за драмски уметности. Тој играше во многу филмови, меѓу кои „Црниот бомбардер“, „Буре барут“, „Сивиот дом“, „Лаење на ѕвездите“ како и во познатите серии, „Вук Караџиќ“, „Ургентен центар“, „Солзата и нејзините сестри“.