Се запознале на паркинг, ѝ се јавил уште истата вечер: Љубовната приказна на Џенифер Лопез и Алекс Родригез

Добивај вести на Viber

Познатиот бејзбол играч Алекс Родригез и пејачката Џенифер Лопез - Џеј Ло, се верија после сериозна врска од 2 години. 

Иако досега имаше многу гласини за нивната свршувачка, по долго нетрпение на фановите, Алекс конечно ја запроси неговата сакана додека се на романтичен одмор.

На 49-годишната музичка ѕвезда која позната по нејзината приказна дека почнала од ништо, и самата си ги плаќала часовите по танц, ова ќе ѝ биде 4-ти брак, а се надеваме дека нема да заврши како претходните три. 

Таа денеска е една од кралиците на светкиот шоу бизинис, а од својот задник, направи бренд. 

Вереникот на Џенифер Лопез, бејзбол израчот Алекс Родригез, пред извесен период го посети шоуто на Елен Диџенерс, и сподели како се запознал со својата девојка.

Тој откри како нивната прва средба се случила кога влегувал во автомобил, а некој го удрил по рамото.

- Се свртев, и јас не препознав кој е. Тоа беше Џенифер, која беше облечена за снимање во фармерки и големи чизми- вели Алекс, и призна дека му биле потребни неколку секунди за да сфати кој е.

-Таа застана и рече: Џенифер е , Џенифер- изјави тој  и рече дека се засрамил што не и кажал колку е прекрасна.

- Тоа беше толку смешно, сите знаеме која е, таа е насекаде. Потоа малку поразговаравме, а таа рече:Го имаш мојот број, јави се- раскажа Родригез, и рече дека и се јавил уште истата вечер.

Никогаш не би претпоставил дека една од најгламурозните двојки во Холивуд се запознала на паркинг, но никогаш не може да знаеш каде ќе ја најдеш својата љубов.