Се згрозив кога дознав дека син ми не ја миел косата две години, но потоа се откажавме од сапун и никогаш не мирисавме подобро!

„Се згрозив кога дознав дека мојот син не ја миел косата две години, но, тоа во целост го промени начинот на кој живее моето семејство – луѓето се згрозуваат, но ние чувствуваме дека ја направивиме вистинската работа, се откажавме од сапунот и никогаш не мирисавме подобро“, ова го тврди познатата Австралијка Марина Фогл, која со оваа изјава стана една од славните личности кои пропагираат живот со помалку капење и помалку хемија.

Марина, мајка на две деца - Лудовик (11) и Јона (10) и нејзиниот сопруг Бен повеќе не користат сапун, шампон и други хигиенски средства и тврдат дека оттогаш мирисале многу подобро.

- Се започна кога се згрозив кога дознав дека мојот син две години не ја миел косата со шампон. Замислете, го бакнувам и мазами а, во тие две години никогаш не сум почувствувала дека не користи шампон - вели Марина.

- Кога го прашав син ми зошто го бојкотира шампонот, ми рече дека нашето куче Бура не ја мие косата и мириса прилично убаво - продолжува Марина.

Така започнало нивното семејно преминување во живот без шампон и сапун.

- Се разбира, имаме сапун за гости, но на нашето семејство не му треба. Имав егзема на 28 -годишна возраст и оттогаш имам многу чувствителна кожа. Сапунот воопшто не ми помага и забележав дека состојбата е подобра бидејќи не го користам. Се туширам само со вода, без сапун. Разговарав со многу дерматолози кои ми рекоа дека нашата кожа е природно совршено избалансирана и има природна бариера што сапунот ја уништува. Козметиката и целата индустрија живеат од нашата несигурност и се обидуваат да не‘ научат како да мирисаме и да изгледаме подобро. Мојата хигиена е одлична и без сапун и дезодоранс - вели Марина, додавајќи дека го убедила и нејзиниот сопруг Бен да го стори истото. 

- Нашата одлука е одлична и од еколошка страна, бидејќи трошиме помалку вода и купуваме помалку пластика. Размислете, можеби на некои од нас не им треба толку сапун и шампон како на другите. Можеби во одреден момент од животот можеме да ја олабавиме хигиената - рече Марина во интервју за Telegraph.


Фото: Profimedia

Ја шокираа светската јавност: Мила Кунис и Ештон Кечер не ги бањаат децата секој ден, освен ако се видливо валкани